Двојката Jay Z и Beyoncé купија куќа во вредност од 26 милиони долари во Источен Хемптон и како што очекувате, куќата е апсолутно неверојатна. Прекрасната куќа има 7 спални, 7 купатила, а имотот се наоѓа во Источен Хемптон во Њујорк. Источниот Хемптон е дом на многу познати личности.

Куќата е распространета на 1100 квадратни метри и се наоѓа на посед од 17 хектари. Секако има доволно простор за трите мали деца на Jay Z и Beyoncé, односно за Blue Ivy која има 5 години и близнаците Rumi и Sir кои наполнија 3 месеци.

Иако големината е прилично импресивна, така е и со архитектурата и придружната содржина. 100-години старата куќа, била изградена од познатиот архитект  Stanford White и била реновирана во текот на годините од страна на претходните сопственици кои додале луксузни предмети, вклучувајќи ги и најсовремените уреди, рачно изработени дрвени елементи и мермер увезени од Верона, Италија.

Што се однесува до летниот дом, овој имот вклучува и куќа за гости од 160 квадратни метри.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајголемиот хит на Balenciagа!
Следна објаваДојдете и слушнете успешни приказни 25 – во Бизнис Кафе Македонија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР