Губењето на килограмите не е лесна задача, верувајте ни, знаеме. Но, она што го направија уште потешко или што во најмала рака не обесхрабрува, се вообичаени заблуди за губење на тежината и разни диети. Науката ги победи овие митови и еве што таа кажува за губењето на тежината.

Мит # 1 Невозможно е да се изгуби тежината
Тешко е, секој што тоа го пробал барем еднаш е свесен за тоа, но тоа не е невозможно. Ако јадете здраво и консумирате помалку калории отколку што трошите, килограмите порано или подоцна исчезнуваат. Затоа, исхраната и физичката активност се клучни за губење на тежината.

Мит # 2 Сите калории се исти
Па, да и не. Ако сакате да ја изгубите тежината, морате да внимавате на калориите, тоа е многу важно. Но, експертите се согласуваат дека е подобро да внесете повеќе калории со бадеми, на пример, отколку да пиете диетална Кока-Кола.

Диета дневникот е корисен начин за луѓето да добијат увид во она што тие го јадат, низ на калории кои ќе ги внесете во текот на денот, без и да ги забележите. Диета дневникот е корисен за секого, не само за луѓето кои сакаат да изгубат на тежина, па така можете да препознаете каде се потребни промените во вашата исхрана.

Мит # 3 Мора да изгубите многу килограми за да ги забележите здравствените промени.

Истражувањата покажаа дека веќе од 10% од губењето на тежината, прават промени на крвниот притисок и на нивото на шеќер.

Мит # 4 ..постои само една ефикасна диета
Луѓето губат телесната тежина со користење на различни методи и различни диети. Повеќето жени и мажи велат дека морале да пробаат повеќе од една диета како би ја намалиле телесната тежина и одржале телесната тежина.

Мит# 5 Американците страдаат од дебелина бидејќи премногу јадат
Тоа не е единствената причина. Експертите за дебелина тврдат дека постојат неколку фактори кои влијаат на епидемијата на дебелина во Америка. Висококалоричната храна и пијалоци станаа сеприсутниот дел од американската исхрана, а Американците седат многу, зголемувајќи го ризикот од дебелина и дијабетес.

Мит # 6 Мора да го ифрлите алкохолот за да изгубите на тежината
Вистина е дека конзумирањето алкохол носи многу калории, но како и обично, умереноста е клучот за сè. Ако не пиете секој ден, тоа значи дека не внесувате еден куп калории на алкохол на дневна основа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите парфеми за оваа есен!
Следна објава“Popeye The Foodie Dog” кулинарски експерт на Instagram!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР