Се прашувате како мириса новата есенска сезона?

Ви претставуваме парфеми кои ќе внесат чувство на нешто ново во вашиот секојдневен живот.

Gucci Bloom

Алесандро Микеле сега влезе и во светот на парфемите со едно од најважните изданија на оваа сезона: првиот мирис на италијанската куќа под неговата креативна палка. Неговата арома комплиментира сè, освен романтични клишеа. Таа содржи ноти на тубероза и јасмин со неочекуван зелен допир.

Twilly d’Hermès

Целосниот хит на Хермес е наречен Твили, како познатиот свилен шал на оваа модна куќа. Нешто зачинето и нежно, но секогаш современо и забавно, ова е најдобриот опис на овој парфем. Парфемот содржи ноти од ѓумбир, тубероза и сандалово дрво.

Gabrielle, Chanel

Револуционерен парфем на Шанел, бидејќи оваа модна куќа не лансираше сосема нова “миризлива фамилија” веќе 15 години. Јасмин, тубероза, (cananga) цвет и цвет од од портокал, ги прават главните ноти на овој мирисен дел на парфемот.

Fragrance Paintbrushes, Jo Malone

Jo Malone смисли нов начин како да се примени нејзиниот мирис: ќе сликате на кожата како со уметничка четка на платно. Идејата се вика Fragrance Paintbrushes, а припаѓа на новата линија на Jo Loves. Парфемот е релаксирачки, а начинот на примена, секако е  иновативен.

Forget Me Not – Talc, Carthusia

Токму кога помислевте дека ги знаете сите можности за нанесување на парфеми на вашата кожа, стигна уште еден нов. Овој парфем доаѓа во форма на прав и се нанесува на кожата со помош на перниче.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпектакуларен хотел на Миконос!
Следна објаваОва се 6 најголеми заблуди за губење на килограми!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР