Студеното и меланхолично есенско време, тешко го поднесуваат и силните луѓе. Но, витамините ни помагаат да бидеме здрави и среќни, дури и за време на депресивната есенска сезона.

За да бидеме среќни и здрави, потребни ни се  витамини за кожата, ноктите, косата и благосостојбата на целото тело. За здрав организам, неопходни се витамини од сите групи, но витамините Б6, Б12, Ц и Д, посебно се издвојуваат. Тие даваат живот, енергија, добар имунитет и расположение.

Jesen i vitamini: šta vam je potrebno na prvom mestu

Витамин Б6
Овој витамин ја подобрува кожата и косата, го одржува хормоналниот баланс, го зајакнува имунолошкиот систем и е директно е одговорен за нервниот систем и за неговото нормално функционирање. Овој витамин ви помага да не паднете во есенската меланхолијата и да ја поминете сезоната без депресија.

Каде се наоѓа: целер, брусница, диња, банани, лешник, кикирики, лук, туна, пилешко, жолчка.

Vitamin B6

Витамин Б12
Одговорен за кардиоваскуларниот систем. Елиминира летаргија, зголемен притисок, ја освежува сувата кожа и го спречува предвременото стареење. Го промовира производството на витамин А, кој е одговорен за метаболизмот и здрави органи. Го зајакнува имунолошкиот систем.

Каде се наоѓа: квасец, соја, црн дроб, ракчиња, сирење, млеко, јогурт, јајца.

Vitamin B12

Витамин Ц
Витаминот Ц заштитува од повеќето болести. Го зајакнува имунитетот и се бори со веќе постоечките болести. Ја нормализира хормоналната рамнотежа и е директно е одговорен за емоционалната состојба.

Каде се наоѓа: брокула, тиквички, јагоди, боровинки, портокали, лимон, јаболка, козјо млеко.

Vitamin C

Витамин Д
Витаминот Д е одговорен за доброто расположение и елиминација на депресијата, што е често случај за време на есенската сезона.

Каде се наоѓа: печурки, црн дроб, масна риба. Но најчесто, овој витамин се произведува со изложување на сонце. Значи, можете да и додадете на есенската рутина, одење во солариум најмалку еднаш неделно.

Vitamin D

СПОДЕЛИ
Претходна објава6 правила на етика кои дури и на дамите им се малку познати!
Следна објаваРазубавете го ентериерот со прекрасни сини драпери!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР