Летото сè уште не е завршено! На 10 септември на Школка во Градскиот парк во Скопје се одржа супер настанот “Мрдни со прст и донирај училишен прибор!”

Посетителите уживаа во доброто друштво и музиката на Тамара Тодевска, Гоце Саф, Битрикс, Тијана Дапчевиќ, Биг Мама и многу други, а сите заедно го славеа почетокот на новата учебна година.

За жал, голем број од децата од нашите основни училишта имаат проблем со набавувањето на основните образовни материјали!

Настанот го сметаме за успешен бидејќи имаше навистина супер одзив од јавноста. Млади, стари, големи и мали сите донираа училишен прибор за подобар старт на оние кои им требаат!

Помеѓу обичните граѓани имавме можност да ja забележиме и фармацевската куќа Ewopharma која иако не работи во индустријата за училишен прибор, сепак се реши да биде една од компаниите за пример, кога станува збор за општествено одговорна компанија која се приклучи со донација.

Ајде да мрднеме со прст! Да донираме! Сите оние компании кои можат да донираат за подобро утре!  

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТри едноставни начини да изнервирате маж!
Следна објаваКарактеристики на модерна куќа во high-tech стил!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР