Objavljen datum održavanja Victoria's Secret modne revije

По минатогодишната манифестација во Париз, Victoria’s Secret Fashion Show 2017 патува во Шангај …

Ова ќе биде прв пат оваа модна ревија да се одржи на азискиот континент. Телевизискиот пренос ќе биде достапен во повеќе од 190 светски земји. Ревијата која сите со нетрпение ја очекуваме, повторно ќе биде уникатен спектакл, кој ќе ни понуди комбинација на заведување, елеганција, сензуалност и шарм.

Брендот Victoria’s Secret е најпознат по долна облека, како и нивните ревии кои подеднакво ги обожуваат мажите и жените, од очигледни причини. Ревијата ќе се одржи на 28-ми ноември.

Како што знаете, оваа ревија е придружувана од перформансите на светските познати ѕвезди, а оваа година допрва ќе ги дознаеме имињата. Во претходните години, на пистата покрај ангелите се најдоа Тејлор Свифт, Ријана, Кети Пери, Викенд и други.

На пистата ќе продефилираат Адријана Лима, Кендис, Елса, Тејлор Хил, Карли Клос, Кендал Џенер и Џиџи Хадид, кои го потврдија своето присуство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп 11.09 – 17.09.2017 година!
Следна објаваМодна недела во Њујорк: Calvin Klein пролет / лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР