ОВЕН

РАБОТА – Имате силна потреба за докажување. Во текот на оваа недела може да направите поголем пресврт во вашата кариера. Новото опкружување ја буди во вас енергијата, а вие сте полни со идеи.

ЉУБОВ – Јасно знаете што сакате во врската што трае. Ве преплавува одушевувањето, ентузијазмот и силната желба за спојување со одредена личност.

ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.

БИК

РАБОТА – Биковите оваа недела, ќе се фокусираат на решавање на проблемите од минатото. Колку побрзо го исчистите минатото, побрзо ќе влезете во еден многу удобен и успешен бизнис период, кој ќе ви донесе подобар финансиски резултат.

ЉУБОВ – Ако ви пречи некоја битна разлика помеѓу вас, дадете повеќе време за себе и за вашиот партнер. Во вашиот живот се појавува помлада личност.

ЗДРАВЈЕ – Работете на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА – Ќе ви биде многу интересно, а во исто време и полезно, знаењето кое ќе го прифатите оваа недела. Работите полека доаѓаат на свое место, како што очекувавте.

ЉУБОВ – Многу од вас размислуваат за старата љубов. Секако, нагласено е сè што има некоја симболика со минатото. Избегнувајте конфликти во бракот или во долгата врска.

ЗДРАВЈЕ – Хранете се поздраво.

РАК

РАБОТА – Времето е исклучително добро за за заминување во странство и за некое ново искуство.

ЉУБОВ – Вистинско освежување во вашиот љубовен живот, ќе биде лицето кое работи нешто невообичаено. Во другите врски или бракови, може да се појави љубомора.

ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.

 ЛАВ

РАБОТА – Успешно ќе ги завршите сите започнати работи оваа недела. Ова е само почетокот на голем препород, но под услов, да ја претворите својата внатрешна енергија во позитивна.

ЉУБОВ – Ова може да биде клучно време за браковите и долгите врски. Ако не дојде ни до какво подобрување во односите, повеќето од вас, дефинитивно ќе останат на истото.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

ДЕВИЦА

РАБОТА – Завршете сè што сте започнале и ќе имате поддршка од колешките со кои работите, се со цел да бидете поуспешни.

ЉУБОВ -Кај поголемиот дел Девици, уште е актуелна старата љубов, која во вас ја буди довербата и комфорот, како и стаболноста.

ЗДРАВЈЕ – Мали главоболки.

ВАГА

РАБОТА -Подготвени да ги прифатите објективнитенастани, можете да воспоставите добар контакт со вашите соработници, што ќе ви донесе искрена поддршка.

ЉУБОВ -Случајните средби и познанства, можеби на работа, се најмногу ветувачки. Овде самите околности одат рака под рака и на вашиот животен пат ја донесуваат вистинската љубов.

ЗДРАВЈЕ – Хранете се поздраво.

ШКОРПИЈА

РАБОТА – Во соработка со супериорниот со кого работите, резултатите се побрзи отколку што очекувавте, што ве прави среќни и ви дава поголема доверба.

ЉУБОВ – Влегувајќи во тајна врска, ќе можете да ја заборавите вашата стара љубов. Но, никако не ви се препорачуваат личности кои не знаат што сакаат од вас и од своите животи

ЗДРАВЈЕ – Вежбајте повеќе.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА – Приватните бизнисмени можат да очекуваат подобрување на бизнисот. Неочекувано пресврт и прилив на пари оваа недела.

ЉУБОВ – Вие сте тие кои избирате, и овој пат точно знаете што сакате и тоа ќе го добиете. Не се согласувајте на ништо помалку од очекуваното.

ЗДРАВЈЕ – Можна алергија.

ЈАРЕЦ

РАБОТА – Сега имате можност да исправите некоја неправда што ви е направена на работното место, затоа што го изгубивте она што го заслуживте.

ЉУБОВ – Ако сте одделени од вашиот партнер долго време, најдете начини да се сретнете, бидејќи, далеку од очи – далеку од срце.

ЗДРАВЈЕ – Повеќе пешачете.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА – Ќе имате прилив на средства преку странска компанија. Гледајте паметно да ги вложите во сопствен бизнис.

ЉУБОВ – Најпосле сфативте дека местото ви е покрај оној што ве сака. Фантазиите се минато.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

РИБИ

РАБОТА – Соработка прифате само од луѓе кои веќе се покажаа успешни, одговорни и упорни. Веќе знаете што ќе ви донесе добар резултат.

ЉУБОВ – Тоа на што треба да обрнете внимание, за да се заштитите од непотребните разочарувања е внимателно да размислите дали сте подготвени да стапите во контакт со зафатен партнер.

ЗДРАВЈЕ – Можна алергија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенски маникир!
Следна објаваОбјавен датумот на модната ревија на Victoria’s Secret!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР