Тргнувајќи од средновековните фрески, па се до римското и византиско сликарство во музеите  Помпеи и Равена можат да се забележат женските портрети кои големите мајстори на сликарството ги прикажале во сиот свој сјај.

Египетските владетелки, грчките хетери, римските матрони како и христијанските светици, сите тие биле насликани во своите блескави  фустани при тоа предизвикувајќи восхит во окото на набљудувачот. Облеката која патем била и статусен симбол во општеството, им овозможувала на уметниците на уникатен начин да го изразат своето мајсторство во задачата која им била дадена.

Во визуелната а при тоа и невербална комуникација која игра значителна улога во уметноста, прикажувањето на женските портрети е направено преку облеката, накитот кои тие го носеле, положбата на рацете, но и преку други симболи како што е држењето на куче во раце кое пак преставува верност, носење на ловорика на главата а која ја изразува поетската надареност.

Еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста е барокниот мајстор Рембрант. Во времето кога тој живеел и творел Холандија станува прва граѓанска република која се ослободува од стегите на Хабсбуршката монархија. Аристократијата која се создала во тоа време била составена од голем број на трговци кои тргувале со злато, зачини и многу други скапоцености. Нивните бродови биле присутни насекаде на светот. Рембрант живеел во времето кога ено негово дело чинело колку и еден скап фустан кој го носеле тогашните жени на богатите трговци и аристократи. Но, и покрај тоа тој останал да работи како слободен уметник и да не зависи од никого, за разлика од многуте ренесансни и барокни сликари.

Во монографијата која е посветена на него насловена како “Тајните на откриените форми”, може лесно да воочат детали насликани на неговите платна. Тој ги портретирал жените на богатите аристократи облечени во своите блескави фустани, а на кои лесно може да се забележи дека авторот внесува и библиски и митолошки мотиви. На платната доминираат повеќе темните бои, воглавноо се застапени црната и темно црвената боја. Окото на набљудувачот тука тешко би можел да воочи јасно исцртани линии. Нивното “отсуство”повеќе би можело да се доживее на едно емпириско ниво.

Женските портрети кои ги создал Рембрант најдобро сведочат за историјата на модата но и за тогачните прилики кои владееле во XVIIот век како и за стилските одличја но и за неговиот поглед и како тој ја доживува женската убавина.

Колоритетот кој преовладува на овие платна може да го доживееме како свирењето на лаута.  Тие носат една смирувачка хармонија на духот, при тоа правејќи еден вид на илузија и споредувајќи ја убавината со едно зрно покриено во темнина стремејќи се да ја здогледа светлината на денот и така претварајќи се во убав цвет.

Недопирливоста на предметите, визуелното наговестување на нештата, мекоста на линиите, непостојаноста на впечатокот, како и емотивниот и просторен впечаток допринесуваат да погледот на набњудувачот се “губи” некаде во бескрајот. Сето ова ни овозможува низ платната на големите мајстори да патуваме низ времето заедно со нив.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАсортиман на IKEA!
Следна објаваЕсенски маникир!
• More than ten years of journalistic experience I have by working as a writer and editor, across an electric range of different industries and lifestyles sectors from fashion, interior design, traveling, television and enviorment. • Extensive copywriting expirience with web content, headlines for diverse publications. • Excellent adaptibilty of skills to reach diverse audiences. • Valued for my informative and professional work ethic.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР