Ви ги претставуваме идеалните идеи кои можат да ви помогнат да го подготвите вашиот дом за претстојната есен и зима …

Секој од нас има задача која треба да ја заврши пред крајот на летото, подготвувајќи ја својата куќа за менување на годишните времиња. Сепак, не грижете се, листата за одржување на домот која ви ја презентираме, пред сè, доаѓа како забавна група на дизајнерски елементи.

Есента доаѓа многу брзо и најдобро е да го подготвите вашиот дом за постудената сезона, додека временските услови се сеуште релативно добри. Ако сте ориентирани кон вашите цели, изборот на пред-сезонски начин за одржување на домот, може да дојде како вистинска награда за време на вашите слободни денови или можеби на крајот на вашиот одмор.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

 Кречење

Ова време може да биде солидно за освежување на вашите ѕидови. Времето е сеуште доволно топло и можете да ги оставите отворените прозорците и вратите, така што воздухот полека ќе ја исуши полудисперзијата. Можете вашите површини да ги искречите со еколошки исправни формули кои се без мирис и се состојат од минимални количини на штетни соединенија.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

 Проверете и поправете ги празнините

Можете да ги решите различните загуби на воздухот, што предизвикуваат и создаваат далеку помала енергетска ефикасност во просторот, а се што е потребно е внимателно да ги проверите сите површини низ кои може да навлезе студениот воздух или топлиот да излезе.

Пополнете ги овие неправилности со надворешните компоненти наменети за овие прилики и бидете сигурни дека материјалите што ги користите за затворање на дупките се како бојата од фасадата.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

Подгответе го каминот

Добро погледнете ги вашите камини и други грејни тела, приклучоци и сите нивни компоненти или повикајте квалификувани и препорачани професионалци за да овозможите правилно чистење пред да почнете да ги користите повторно. Исто така, сега може да биде совршен момент за нарачување на огревот.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

 Исчистете ги олуците

Ако живеете во куќа и имате одводи за дождот, добро очистите ги од ситни гранчиња, разни видови нечистотија и одржувајте го системот до почетокот на зимата и пред почетокот на дождовната сезона. Оштетените олуци на одредени места може да доведат до оштетување на темелот или  фасадата, штуко елементите и покривот, како и други останати  надворешни компоненти.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

 Подгответе зимска гердероба и постелнина

Изберете еден сончев или со ветер ден за да се забавувате со постелнината, прекривките, перниците, теписите, јорганите и сè што било одложено во текот на пролетта и летото. Ултравиолетовата светлина и сончевите зраци претставуваат силно дезинфекционо средство. Изложете ги своите јоргани, ќебиња и теписи на свежиот есенски воздух и сонце, за да ги неутрализирате непријатните мириси и влагата.

Ispratite leto i dočekajte jesen na pravi način

 Направете го вашиот простор поудобен со есенски ткаенини…

Добриот избор на есенски ткаенини вклучува: кадифе, велур, сомот, вештачка кожа, вештачко крзно и микрофибер. Клучот е да се создаде успешен дизајн кој првенствено е слоевит. Во текот на есента и зимата, важи мотото – повеќе е подобро, па затоа не треба да се двоумете кога се во прашање крзнени покривки, повеќе перници и комбинација на бои и материјали со меки влакна. Додадете повеќе текстури, заради потопла и попријатна атмосфера.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВертикални градини и зелен живот!
Следна објаваАсортиман на IKEA!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР