Во рамки на уметничкото ферментирање кое го донесе 57-то издание на Венециското биенале “Viva Arte Viva” во Венеција, од  1 до 29 октомври во Венеција ќе се случи значаен уметнички настан,  групна изложба со наслов ”FIND ME₺ во организација на ”Vernice Contemporanea  Art Management₺ .  Просторот каде ќе се одржува овој настан е познат како Spazio Kanz. Станува збор за инсталација на дела од околу 70 афирмирани и млади уметници од Италија, САД, Англија, Шведска, Финска, Русија, Швајцарија, а во селекција влезе и академскиот сликар Драгица Ристеска Димитровска од Македонија… Настанот е под кураторство на Масимо Казагранде, активен на италијанската сцена од 1995 година и истиот е значајна фигура меѓу интернационалната критика. Соработката која нашата академска сликарка ја започнува со оваа изложба нема да заврши само со овој проект. Организаторите на ”Vernice Contemporanea  Art Management₺ и понудија соработка во рамки на интернационални куратори  и на наредниот проект кој ќе го организираат со почеток од октомври, а истиот е со наслов ”Vernice Art Prize 2018 ₺.

Ова претставување на Драгица Ристеска Димитровска не е прво во Италија, таа минатата година учествуваше на ₺АRTEXPO MILANO 2016”

www.vernicecontemporanea.it

FIND ME!

International Group Show

BIENNALE OFF-57. BIENNALE D’ARTE DI VENEZIA

01/29 October 2017

Vernissage Saturday 30 September at 18.00

Curator Massimo Casagrande

Co-Curator Davide Gabriele

Presentation Gian Ruggero Manzoni

ДРАГИЦА РИСТЕСКА ДИМИТРОВСКА

Родена е на 22 Јуни 1981 година во Скопје, Р.Македонија. Нејзината љубов кон уметноста е присутна од многу рана возраст. Во 2006-та година дипломираше на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во рамки на педагошкиот оддел, како ликовен педагог и сликар во класата на професор Рубенс Корубин.  Во 2010-та година ги заврши 2 годишните Мастер студии ( LACI 1 и 2 ) на Универзитетот во Орлеан, Франција, во соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со што се стекна со две дипломи (македонска и француска) во областа: „Бизнис и меѓународна трговија”. Зборува француски, англиски и италијански јазик. До 2010-та година работеше во Музејот на современа уметност во Скопје, во едукативниот оддел.  Од 2006-та година до денес, има учествувано на бројни групни изложби и уметнички саеми во земјава и странство.

■ 2017 ЧЛЕН НА ВИДА ДИЗАЈНЕРС (15.02.2017…)

ВИДА ДИЗАЈНЕРС е компанија од Сан Франциско која соработува со уметници од цел свет, истата им ги користи правата на нивните дела во дизајн и производство на уметнички предмети, облека, предмети за домот и слично. Секое парче е посебно одбрано, дизајнирано од самиот уметник чие што име стои на истото, а додека за печатењето и изработката е задолжена самата компанија. Во ВИДА ДИЗАЈНЕРС има тим кој учествува во избор на уметниците и истите треба да пројдат низ тој процес на селекција.

■ 2017 ЧЛЕН НА ЊУЈОРК АРТ ГРУПА (24.01.2017…)

 ЊУЈОРК АРТ ГРУПАТА со седиште во ЊУЈОРК каде членовите се бираат по покана од комисија составена од куратори, арт директори и уметници. Драгица Ристеска Димитровска стана член на групата по селекција од  4000 апликации, каде примени се само 10% од истите. Оваа група е дел од  АМЕРИКА АРТ ГРУПА која е на цела територија на УСА и истата се грижи за промоција на уметниците членови на истата.

■ 2016 САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА, ЛИКОВЕН САЛОН – АПОЛОНИЈА, ГЕВГЕЛИЈА (10.12.2016-18.02.2017)

■ 2016 ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА КАТАЛОГОТ ОД МИЛАНО АРТЕКСПО 2016 НА ФОРУМ НА ФОНДОВИ ЛУГАНО, ШВАЈЦАРИЈА (21-22.11.2016)

Артмит групата која го организира Артекспо Милано 2016 го презентираше Каталогот со учесниците од Артекспо Милано 2016 на ЛАНТЕРН ФУНД ФОРУМ во Лугано, Швајцарија од 21-22.11.2016 во Палацо деи Конгреси. Овој форум по 6-ти пат е еден од најзначајните настани фокусирани на Управување со средства, инвестициски алатки и фундаментална анализа.

■ 2016 АРТЕКСПО МИЛАНО 2016, (08.09-15.09.2016)

Во септември 2016-та година, учествуваше на Артекспо Милано, во селекција на 70 уметници од Европа и светот како прв претставник од Македонија, а делата беа изложени во Истенд Студијата, најголемиот центар за ивенти во Италија. Во рамки на изложбата беа презентирани и дела од приватна колекција од светски познати автори, како Салвадор Дали, Едгар Дега и др.
■ 2016 САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА, ГАЛЕРИЈА НА НЛБ БАНКА, СКОПЈЕ  (26.05.-27.06.2016)
■ 2016 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРТ САЕМ – ПАРАТИСИМА, СКОПЈЕ (10-12.06.2016)
■ 2016 АРТ МАП, ПОНТЕ ДЕ ЛИМА, ПОРТУГАЛИЈА (ОНЛАЈН ИЗЛОЖБА- 2016)
■ 2015 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРТ САЕМ – ПАРАТИСИМА, СКОПЈЕ (12-14.06.2015)
■ 2013 МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ НА ПАТ ДО МОНТ ЕВЕРЕСТ, ПОДДРЖАНО ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА, СКОПЈЕ

■ 2010 САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА, ФРАНЦУСКИ ИНСТИТУТ, СКОПЈЕ (01.11.2010-30.11.2010)

■ 2009 КООРДИНАТОР НА АРТ ХЕПЕНИНГ, НУ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, СКОПЈЕ

■ 2006 ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ФОТО КОНКУРС, КАНОН, СКОПЈЕ

■ 2006 ДИПЛОМСКА ИЗЛОЖБА, ФЛУ, СКОПЈЕ

■ 2005 ГРУПНА ИЗЛОЖБА МНТ, СКОПЈЕ

■ 2004 КОНЗЕРВАЦИЈА И АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА ВО ХЕРАКЛЕА, БИТОЛА ВО РАМКИ НА РЕМПАРТ, ФРАНЦИЈА

■ 2004 АРТ КОЛОНИЈА, БИТОЛА

■ 2004 ГРУПНА ИЗЛОЖБА, БИБЛИОТЕКА ДРУГАРЧЕ, СКОПЈЕ

■ 2003 РЕСТАВРАЦИЈА НА КУЛТУРНИ И ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ, ЕТАМП, ФРАНЦИЈА

■ 2003 АРТ КОЛОНИЈА, АНБЛОК ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ, СКОПЈЕ

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБимилк им посака сладок почеток на школувањето на првачињата ширум Македонија
Следна објаваНесекојдневна колекција Le Secret од Van Cleef & Arpels!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР