Најбизарните веѓи до денес!

Поимот на убави веѓи се менувал низ историјата, а денес, под терминот природни и убави веѓи, подразбираме веѓи кои не подлежат на тренд, туку се средени според обликот и формата на лицето.

Иако звучи како постојано повторување и веќе звучи како клише, веѓите се рамка на лицето и затоа секогаш се трудиме да изгледаат беспрекорно.

Со текот на годините тие го менувале обликот, во дваесеттите од минатиот век биле тенки и “спуштени” и оставале впечаток на тажно женско лице.

Во 50-те години на минатиот век, иконата на стилот Audrey Hepburn, носеше речиси детски веѓи кои совршено се вклопуваа со нејзините очи во форма на бадем.

Во шеесеттите години, шминката беше генерално поинтензивна, па веѓите беа силно нацртани.

Дури во седумдесеттите години, веѓите почнаа да имаат облик како што денес ги нарекуваме, природна форма.

Осумдесеттите ги обележаа полните веѓи.

Во деведесеттите, повторно почнаа да се тенчат.

И само на почетокот на 21 век се вратија во природна форма.

Потоа се случија веѓите од Инстаграм, многу изразени веѓи и со нагласен лак и “коцкаст” преден дел.

Новиот хит според Instagram, се таканаречените “squiggle” веѓи. Ова се веѓите кои беа направени од страна на шминкерката Џесика Бродерсен, а по неа, како што обично се случува на социјалните мрежи, почнаа и другите корисници на Instagram.

Мораме да признаеме дека овие веѓи изгледаат интересно на фотографијата и сигурно ќе бидат ефектни на модните писти или за снимање на интересна модна кампања, но се надеваме дека нема да ги гледаме на улиците…ни се чини дека сепак, ќе биде малку премногу.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит – есенските чизми од Mangо го освојуваат интернетот!
Следна објаваПопладневен чај со тема на луксузниот накит Van Cleef!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР