Мега популарната Кендал Џенер, е ѕвезда на уште една модна кампања. Луксузниот италијански бренд La Perla ги изненади сите љубители на модата со ултра женствената и сензуална кампања за есен / зима од 2017 година.

Senzualna Kendal Džener u novoj La Perla kampanji

Брендот се обидува да се промени и да примени поиновативен пристап кон дизајнот, што се рефлектира во оваа колекција, која се состои од долна облека, но исто така и современи парчиња како што се фустани, топови и костими.

Senzualna Kendal Džener u novoj La Perla kampanji

На фотографиите, Кендал позира во различна средина. На првата слика таа лежи на маса опкружена со цвеќиња и плодови, облечена во боди од циклама тантела, која е добро вклопена со папучите во иста боја.

Senzualna Kendal Džener u novoj La Perla kampanji

На втората фотографија ја гледаме во сензационален бел, убав фустан со длабоко деколте. Овој пат е опкружена со сценографија како од бајка – зеленило и цвеќе.

Senzualna Kendal Džener u novoj La Perla kampanji

Третата фотографија ја прикажува Кендал во женско сиво одело, кое е извезено  со цветни детали, со црни чизми до глуждот, додека околината делува како рајска градина. Цветната средина е одличен избор за цветниот дезен кој е атрактивен детал на оваа комбинација.

Senzualna Kendal Džener u novoj La Perla kampanji

Брендот исто така ни претставува и модни детали како што се црната чанта што се гледа на една од фотографиите направени во градината во Милано, а главната инспирација на кампањата беа англиските цветни градини исполнети со прекрасни бои.

Кендал оваа година привлече неверојатно внимание на медиумите со појавувањето на МЕТ гала настанот во смел фустан, не оставајќи место за имагинација. Фустанот е од колекцијата La Perla Couture и е украсен со 85.000 кристали.

Related image

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност на пиење: стаклени скулптури за вино!
Следна објаваЦрна листа на 5 производи кои ја уништуваат женската фигура!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР