Појавата на фотографијата уште со самите свои почетоци прави еден револуционерен пресврт, бидејќи успешно успева да ги преобрази креативните пристапи во другите уметности, како и начинот на одреден вид на перцепција во очите на набљудувачот. Поради овој факт таа не може да издвои како самостоен медиум или друг вид на уметничка творба. Во правењето на фотографии се кријат мноштво нови можности. Kако што ќе рече познатиот Walter Benjamin во својот есеј “Уметничкото дело”, вистинската уметност на фотографијата се губи земајќи ги во обзир мноштвото технички репродукции. Во почетокот на 80 те години почнува еден процес на создавање на инстант- потрошувачка-мас култура.

Токму во овој период започнува да се употребува поимот (апропријација), кој означува еден вид на цитирање на постоечките дела а како еден вид на стратегија на неоавангардните уметниции   нивните дела.

Chyntia Morris Cyndy Sherman е една од водечките современи фотографки. На сцената се појавува кон крајот на 70те години. Нејзините дела се во тесна врска и се создавани под влијание на поп-артот, концептуализмот и боди-артот.  Од нејзиното богато творештво за најзначајни се избрани сериите на фотографии кои таа ги создала во периодот од 1977-80 година а содржат прикази од холивудските филмови снимани 50те години на минатиот век, а обединаети под името “United film stills”.

Спецификата на нејзините црно-бели фотографии,( освен во транспозицијата-пренос помеѓу два медиуми на филм и фотографија)лежи во фактот што оваа уметница игра две улоги и тоа и на модел и на фотограф, а при тоа преставувајќи се себе си во разни форми и композиции.

Во делата на Sherman најчесто можеме да го сретнеме тогашниот прототип на жена која била присутна во општествениот живот. Таа во делата се труди да направи еден енциклопоедиски приказ на повеќе видови женски ликови, вамп-жени, адолесцентки, жени од мали места и.т.н. Несомнено е дека во фотографиите на оваа уметница провејува една доза на “вознемирувачка отуѓеност” на објектот  и визуелниот модалитетна конзумеризмот. Таа сака да ја прикаже жената како значајна фигура а од друга страна ја прикажува на некој начин поразителната страна на фактот дека нејзиното тело станува “главно орудие” во секојдневните размени. Важно е да се напомене дека уметницата ја превзема улогата на демистификатор во своите дела, сакајќи со тоа да ја натера публиката да погледне малку подлабоко односно она што се крие под поврчината на нештата.

Улогата на жената таа најчесто ја претставува како рефлексија на својот темперамент сакајќи при тоа да стане активен учесник во своите дела. Изразувајќи ги своите сопствени чувства низ фотографиите таа се обидува преку преку процесот на демаскирањето на некои постоечки клишеа кои биле присутни зажената а воглавно од страна на машкиот пол да измени таа перцепција во целост и да направи тотална реконструкција на до тогашните гледишта и секако да да даде една друга димензија на нештата.

Од големо значење за Sherman била публиката и нејзината перцепција. Фактот што таа самата позира на нејзините фотографии укажува на фактот дека таа го тера на некој начин набљудувачот да превземе одговорност и стане активен учесник во ова. Сето ова допринесува за намалување на еден одреден вид на дистанца која постоела дотогаш помеѓу уметноста и стварноста, а при тоа делото го добива своето вистинско значење. Првобитно за авторката било да ја покаже отуѓеноста на жената од сопственото телои сексуалност а во ист момент и сеприсутноста за нејзиното ослободување од некои догми.

Нејзиниот придонес е од огромно значење бидејќи таа го најпрво го позиционира проблемот а потоа и го трасира патот кон целосно ослободување на жената која тогаш живее во патријахално општество, бидејќи според нејзе женскиот субјект има привидна слобода, а е омеѓен со оквири на традиционалното.

Кога ќе застане пред камерите  на жената најчесто и се доделуваат улоги кои преставуваат машки идеи и фантазии, а со тоа и како би требало се тоа да изгледа во општественото опкружување.

Cyndy, уметница и модел,истовремено активна и пасивна, субјект и објект.Нејзините фотографии преставуваат компарација на најразлични позицииа воедно и ги даваат посакуваните одговори на набљудувачите.

Сјајот и бедата на потрошувачката култура, каде човекот е соочен сам со себе,а во исто време се повеќе се оддалечува од сопственото битие. Актерот пред камерата не преставува само личност која презентира одреден ликтуку тој е соочен сам со себе со своето огледало, ке рече  Sherman.

Живее и работи во Њујорк, а нејзините фотографии се едни од најскапо продаваните во светот.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР