Легнуваме и се будиме, патуваме и уживаме, пиеме кафе и ги разигруваме здодевните денови, секогаш со книга. Летната авантура со Култура е создадена за вистинските љубители на книгата, за сите оние чиј најдобар пријател е книгата.

„Нема полојален пријател од книгата, рекол Ернест Хемингвеј, и не погрешил. Затоа ова лето книгата нека биде вашиот најдобар пријател.“

Многу промоции на нови книги, многу награди…за љубителите на книгата ова лето беше навистина возбудливо, а вашата омилена авантура сеуште трае.

Без разлика дали веќе го имавте вашиот летен одмор или не, дали поминувате време на планина, плажа или едноставено додека пиете кафе на вашата тераса, уживајте во романтичните приказни на Ема ЧејсЏоџо МојесТарин Фишерили пак возбудливите трилери како „Скриени богатства“ на Нора Робертс, Вдовицата“ на Фиона Бартон и неизбежните дела на Ден Браун и Стив Бери.

Петтата колонија“ провокативен нов трилер  кој е мешавина од историја и шпекулации – заштитниот знак на Стив Бери, а кој мора да го спакувате во вашиот куфер ова лето. Од мајсторот на скандинавските криминалистички романи, Леиф Першон, ни доаѓа брилијантна серија на романи за истражувањата на еден пргав, упорит и многу темелен шведски полицаец, детективот Еверт Бекстром од Националниот оддел за криминални истраги. „Оној што го уби змејот“ е задолжителна литература за љубителите на криминалистички приказни.

Летната авантура со Култура не може да ви помине и без приказните како „Ќерка на правта на Венди Волас, Пристаништето нова надеж на Холи Робинсон и  еден од најбараните, психолошкиот роман „Ако ја познаваше сестра ми“ на Мишел Адамс.

Ова лето Култура има многу нови изданија, совршени и интригантни приказни идеални за одмор и уживање, како најновото издание на Џоџо Мојес „Еден плус еден“ кој е еден од нејзините најдобри романи. Исто така и драматичната животна приказна на Кетрин Хјуџис за Тина Крег која  копнее да побегне од својот насилен сопруг, работи и повеќе од потребното, за да заштеди доволно пари и да го остави Писмото.

Своја промоција имаше и македонската авторка Катерина Серафимовска, со нејзиното дело „Поглед полн синило“ кој е роман за љубовта и пријателството, приказна која се протега на три континенти, величествено прикажувајќи ги судбините на три различни генерации.

Култура ова лето имаше уште едно издание на Тарик Али, динамичниот роман полн со изненадувања, пресврти и неочекувани настани кои го оставаат читателот со подзината уста „Султанот од Палермо “. А после „Градина на лагите“ и „Жена во сино“ од Ејлин Гоуџ ни доаѓа „Жена во црно“, која е приказна за две ќерки од различни семејства, чиишто животи се судбински поврзани.

Виртуелната книжарница Култура е постојано отворена, а таму имате попуст на сите книги, цело лето, а плус и подарок летна троба со секоја сметка над 1000 денари. Култура континуирано има новости за своите читатели, многу нови наслови и промоции доаѓаат, затоа следете ја нивната фејсбук страната и бидете секогаш Во светот на книгите!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовети за лесно утринско будење!
Следна објаваФестивал! Дотерај го Скопје!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР