Да се има уникатен и интересен маникир е најдобриот начин да го истакнете својот вкус, а воедно и да го направите целиот изглед поубав.
Постојат безброј идеи за таков манир, што понекогаш е тешко да се решите само за еден. Сепак, ако сакате да испробате нешто ново, сосема поинаку – овој тренд сигурно ќе ви се допадне. Покрај редовниот маникир, може да се исцртаат мали тетоважи под кутикулите на ноктите, за да креирате драматичен и подобар впечаток.
Првата позната личност која го покрена овој тренд е никој друг туку Ријана, која не засени со својата (tribal) племенска тетоважа преку целата рака и детали близу до ноктите.
Покрај неа и актерката Зое Кравиц истетовира букви и интересни точки на прстите.
Од едноставни точки и линии, до сложени трибали, букви и мотиви кои ги сакате … можностите се бесконечни.
Исто така, популарни се разни бои, не мора само црната да се користи за украсување на прстите и истакнување на маникирот, а на многу жени меѓу најомилените им се златните и сребрено металик нијансите.
Погледнете во галеријата, која ја подготвивме како инспирација за сите вас, кои сакате да go искористите крајот на летото за експериментирање .