Сте посакале ли некогаш да зачекорите во светот на бајките?

Истанбул, некогашниот Цариград, раскрсницата помеѓу истокот и западот е грaдот на спротвности. Импресивен, ориентален, со еден збор магичен.

Дваесет и две милионскиата престолнина чија бројка е во постојан пораст, а чиј идентитет е во постојана промена е домот на величенствени зданија на Босфорот.

Неодамна за најубаво уредена куќа беше избран домот на бизнисменот и филантроп Macar Feyzullah Pasha. Главаната идеја при нејзиното реставрирање била куќата да ја сочува нејзината автентичност и да изгледа како што првобитно била уредена. Била изградена во 1850 година.

Воодушевувачки раскошна и егзотерична во своето уредување со интензивни јаки бои и старински намечтај таа многу потсетува на слика од времето на Сулејман Велеченствениот.

Комплетната обнова на ова велелепно здание траела цели седум години, а при тоа сопственикот строго внимавал просторот да ја сочува својата оригиналност. И навистина тука не можете да најдете ниеден елемент на модерната технологија.

Внатрешноста на куќата изобилува со полно ситни детали. Зидовите се украсени со орнаментални таписерии и релјефи.

Мебелот е пресвлечен во брокат-свила и сомот. Секоја софа е украсена со декоратинви перничиња дизајво егзотерични и интензивни бои.

Најспецифична од сите простории е дневната соба која сопственикот ја нарекува Belvedere. Во нејзе доминираат црвената и лила боите. Престојуваќи во нејзе сопствениците може да уживаат во прекрасниот поглед на Босфор кој таа им го овозможува.

Погледнете!!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР