Од 20-24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на  реномираниот фестивал кој го слави виното- Вино Скоп 2017.

Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза” пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.  Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на овогодинешниот Вино Скоп е – Да ја дочекаме есента заедно!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба во чест на легендарниот музичар Prince!
Следна објаваСе отвора DOGO, нова продавница за чевли и облека во Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР