Брендот кој ова лето ги освои сите плажи, кога станува збор за костими за капење, секако е La Revêche.

Lа Revêche доаѓа од Сицилија и може да се пофали со најдобрите костими за капење ова лето, рачно изработени на истото острово, од каде што доаѓаат.

Пастелните бои го обележуваат овој бренд, а она што ги прави различни од другите се богатите цветови, кои исто така го следат истиот спектар на бои.

Lа Revêche костимите за капење, се достапни во едноделна и дводелна варијанта. Едноделните, имаат целосно отворен грб со декорации кои се протегаат по работ на костимот.

Дводелни костими за капење доаѓаат со декорација на предниот дел на градите и се идеални за жени со помали гради, бидејќи го нагласат токму тој дел, а ако имате поголеми гради, одберете го оној со декорација на врвците за врзување околу вратот.

Сите вие кои веќе сте се вратиле од море и заслужените годишни одмори, овој костим за капење можете да го искористие на совршен начин, покажувајќи го новиот бронзен тен во комбинација  со фармерки или здолниште.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваRoy Lichtenstein-(џезерот во сликарството)
Следна објава5 совети за успешно само-мотивирање!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР