Есента е на самиот праг, а со тоа секој од нас размислува и посакува да го освежи својот градеробер со по некое тренди модно парче.

Вљубениците во модата и модните трендови нема да останат рамнодушни на најновата колекција на дизајнерот Том Форд.

“Тесно струкирани кроеви” е главното обележје на оваа прекрасна колекција, за која и самиот автор ќе каже – “ова го обожуваат моите клиенти”. Впечатливи, живописни а со строго дефинирани линии, моделите со својот сјај само го зголемуваат интензитетот на речиси “недопирливата” строгост и елеганција која самите тие ја содржат.

Покрај крзното во боја, моделите се збогатени со многу сребрени детали и штрасови.

Драги наши читатели, пред нас е една вистинска минималистичка а сепак богата модна сезона, која ќе блесне со целиот свој сјај. Погледната ја колекцијата и изберете го вашиот омилен модел!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР