Дефинитивно не е премногу рано, за да почнете да размислувате за клучните модни елементи што ќе ја одбележат сезоната што доаѓа.
Се разбира, најважно е да обезбедите топли чизми затоа што ја знаете поговорката “Чизмата главата ја чува”. Меѓутоа еден стил на чизми гарантира, дека ќе ги импресионирате сите ваши пријатели и модни познавачи, а тоа се чорапи-чизми.
Чизмите кои стигаат до глуждот и се облекуваат како чорап, се направени од различни материјали и изгледаат одлично прилепени на нозете.
Судејќи според познатите личности кои веќе го промовираат трендот на такви модели, вклучувајќи ги Бијонсе, Сара Џесика Паркер и Кендал Џенер, чизмите ќе бидат главен моден хит во претстојната сезона.