Glamurozni Monte Karlo

Лоциран во срцето на Кнежеството Монако и опкружен со сината крајбрежна линија долга 4 километри, Монте Карло е дијамантот во круната на Азурното крајбрежје. Дом е на Формула 1, познати спортисти и бизнис лидери, па како таков, делува како идеално и возбудливо место за живеење.

Glamurozni Monte Karlo

Glamurozni Monte Karlo

Под власта на Неговото Височество принцот Алберт Втори од Монако, Монте Карло цвета. Благодарение на семејството Грималди, Монте Карло ја привлече европската елита за да се пресели во овој преубав и луксузен град уште во 19-иот век. Оттогаш, ниту еден друг град во светот не привлече таков светски џет сет како Монте Карло.

Glamurozni Monte Karlo

Glamurozni Monte Karlo

И покрај многу атрактивни дестинации во Европа, Монте Карло има сосема друго ниво, бидејќи е преубав крајбрежен град кој претставува еден вид на игралиште помеѓу богатите и познатите. И додека понудата на обичните туристи кои само сакаат да уживаат во разгледувањето е исклучително едноставна, опциите за тие кои бараат луксуз, се многубројни.

Glamurozni Monte Karlo

Glamurozni Monte Karlo

Glamurozni Monte Karlo

Се започнало со хотелите. Овде нема да наидете на помпезни и накитени современи хотели. Тука се хотелите како  Hotel de Paris, Hotel Hermitage и Hotel Metropole, кои имаат 5 ѕвезди и долга традиција на старомодни хотели. Тие се со мермерни колонади, големи отворени простори, сјајни лустери, внимателно одржувани дворови и удобни луксузни соби со прекрасни погледи. Ако престојувате малку подолго во некој од овие хотели, ќе се чувствувате како член на кралско семејство, отколку како турист, кој би се задоволил само со убаво сместување.

Glamurozni Monte Karlo

Монте Карло е центар на елитни настани. Ова особено важи за турнирот на Monte Carlo Rolex tenis masters, кој е инаку прв од трите АТП светски мастер-турнири кои треба да се одиграат. Тој е еден од омилените тениски настани на календарот на навивачите на овој спорт, бидејќи локацијата на стадионот е фантастична – на едната страна е морето, а од друга страна се планините.

Glamurozni Monte Karlo

Потоа, тука е Monaco Grand Prix, еден од најпрестижните настани во календарот на Formulа 1. Оваа трка е опишана како “трка над сите трки”, а се вози низ улиците на Монте Карло и познатото пристаниште. Ако сте во позиција да присуствувате на еден од овие два настани, чувството на ексклузивност само се зголемува.

Иконата на овој град е секако “Casino de Monte-Carlo”, кое е отворено во 1863 година и се смета за едно од најдобрите во Европа. За популарноста на ова место се врзува и филмот за Џејмс Бонд, кој беше снимен во ова казино како една од најпознатите гламурозни локации на Бонд. И самиот престој на ова место ви дава чувство на неверојатен гламур.

Glamurozni Monte Karlo

Glamurozni Monte Karlo

Има уште многу места да се видат во градот, како што е океанографскиот музеј, Опера де Монте Карло, отворена во 1879 или Монте Карло Џез фестивал.

Glamurozni Monte Karlo

Во Монте Карло нема да најдете просечен љубител на ноќен живот, туку ќе бидете во друштво со некој од кралско семејство или некој актер, модел и спортист. Оние кои ги сакаат ноќните клубови мора да го посетат веројатно најпознатиот клуб на Медитеранот -Jimmy’z. Загарантирани се незаборавни искуства во клубот, екстраваганцијата и убави луѓе.

Glamurozni Monte Karlo

Ако сте во потрага за врвен луксуз, искуството што ќе го памтите за цел живот – изнајмете јахта.

Glamurozni Monte Karlo

Ако сакате врвно кулинарско искуство, неизбежно место во Монте Карло е Le Louis XV, ресторан со познатиот Алан Дукас, кој има светска репутација. Тука доминира медитеранската кујна, а внатрешноста на овој ресторан потполно ќе ве воодушеви, бидејќи е декорирана како палатата во Версај. Ѕидниот часовник секогаш покажува 12 часот, што е симбол кој ве предупредува дека додека сте во овој град, заборавете на времето.

Glamurozni Monte Karlo

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 главни маникир трендови за оваа есен!
Следна објаваСпоред Форбс која е најдобро платена актерка во 2017 година?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР