Еве што треба да знаете за претстојното отворање на хотелот  „The Ritz-Carlton Langkawi“ во октомври 2017 година.

Лангкави e најзначајната туристичка дестинација за одмор во Малазија, а наскоро ќе стане побогата за уште еден голем рекреативен комплекс на своите брегови, обезбедувајќи им на патниците дополнителен избор на луксузно сместување на ова тропско острово.

„The Ritz-Carlton Langkawi“ се наоѓа помеѓу прашума и приватни плажи, а ветува многу. За почеток, се наоѓа на 30 минути од градот Kuah и околу 10 минути возење од Лангкави аеродромот.

Главната инспирација за архитектурата на хотелот е традиционално село, во кое има вкупно 90 соби и 29 вили за гости. Покрај тоа, одморалиштето ќе има три базени, теретана, програма “Риц за деца” и спа центар. Хотелот располага со четири ресторани, вклучувајќи го и наградениот кинески ресторан кој нуди неверојатен поглед кон морето. Исто така, во рамките на одморалиштето се наоѓа приватен залив и плажа, која нуди директен пристап до познатите локации за ронење во зачудувачкиот архипелаг со диви острови во близина.

Риц-Карлтон Лангкави има за цел да ги исполни очекувањата на секој гостин и да му ја исполни желбата за авантури. Одморалиштето ќе понуди едрење во луксузни јахти, риболов, фасцинантни прошетки во џунглата и часови по Силат вежби на древните малезиски војници.

Hotel Ritz-Carlton je spreman za vas

Hotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vasHotel Ritz-Carlton je spreman za vas

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите дами кои го сакаат францускиот стил!
Следна објаваВисока мода во Париз: Christian Dior!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР