5 najskupljih pića na svetu

Ништо не асоцира на моќ и успех како слика на пенлив златен шампањ. Се сеќавате ли на сцената од филмот Големиот Гетсби? Така дознавме, колку екстравагантни биле забавите во 20-ти години од минатиот век.

Дури и денес, шапмањот е веројатно најлуксузниот пијалок. Бројните производители настојуваат овие пијалаци да бидат уште поинтезивни и повозвишени, така што, без оглед дали сте добар познавач на шампањско или само радознал коктел ентузијаст, нашиот список на најскапите пијалаци сигурно ќе ве заинтригира.

Armand De Brignac Midas – £125,000

Armand de Brignac го замени Cristal шампањот во многубројните видео спотови на музичките ѕвезди. Овој пијалок го обожуваат и спортистите како Usain Bolt и многу други. Да се потсетиме дека хип-хоп магнатот, Jay-Z, го купи во 2014. година Armand de Brignac.

Armand De Brignac Midas – £125,000 Dalmore 62 – £125,000

Откако беше прогласен за најскап виски на светот, Dalmore 62 е очекувано и многу редок виски со само 12 произведени боци. Едно шише од овој пијалок е продадено на непознат купувач на аеродромот Changi во Сингапур 2011 година за дури 250.000 долари. Шишето на вискито е украсено со глава на елен од платина, а се наоѓа во дрвена кутија.

Dalmore 62 – £125,000

 

Diva Vodka – $1,000,000

Тројниот процес на филтрирање и дава на оваа водка екстремно висока цена. Прво се филтрира низ мраз, потоа преку кора од нордиски брези и на крајот завршува низ песок и скапоцени камења. Освен тоа, шупливата централна цевка во боцата е исполнета со Сваровски кристали кои можете да ги извадите и да ги користите како што сакате. Меѓутоа, дури ни скапоцените камења не ја прават оваа водка вкусна.

Diva Vodka

Henry IV Dudognon Heritage Cognac Grande Champagne – $2,000,000

Henri IV Dudognon Heritage, стар е скоро цел еден век, што му ја дава оваа астрономска цена. Секако, тоа не е единствената причина. Овој пијалок е скапоцен благодарение на шишето во кое се наоѓа амблемот, обложен со платина и злато, украсен со 6.500 дијаманти. Веројатно производителот трагал за суптилен изглед?

Henry IV Dudognon Heritage Cognac Grande Champagne – $2,000,000

Tequila Ley .925 – $3,500,000

Секој кој во животот присуствувал на некоја колеџ забава, запознат е со текила. Оваа текила, не е онаа што ќе ја вмешате во Маргарита коктел. Tequila Pasion Azteca Ultra Premium Anejo, е создадена од чисти сокови од сина агава, ферментирана и старее 6 години. Се наоѓаво во боца која потсетува на школка, украсена со бело злато, платина и дијаманти. Последното издание е продадено по оваа рекордна цена во 2006 година.

Tequila Ley .925 – $3,500,000

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрстен кој може да ви го спаси животот!
Следна објаваEl Fencing и Zoe Kravitz во кампања за Tiffany & Co!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР