Франција е една од најзаводливите и најубави земји во светот …

10 najekskluzivnijih francuskih hotela

Нејзината убавина се рефлектира во различни пејзажи кои се движат од сончевите плажи, па се со снег покриени алпски врвови. Исто така, тука е и нејзиното културно наследство, акцентирано со спектакуларните катедрали и палати. Потоа, гастрономијата, високата мода, убавиот јазик и познатата француски радост на живеење, кои не мамат и опијануваат. Оваа прекрасна земја има ултра луксузни хотели кои совршено се вклопуваат со нејзиното културно и природно наследство, а денес ви ги претставуваме десетте најомилени.

1. Cap Estel –

Се наоѓа на свој полуостров што влегува во Средоземното Море и е опкружен од три страни со вода, овој хотел нуди извонреден панорамски поглед. Тој се наоѓа само десет минути од Монако и 30 минути од Ница.
Во својата понуда, има 28 соби на четири различни локации, и на секој гостин му нуди неверојатна верзија на луксуз и комфор во атмосфера испреплетена со шарм и елеганција.

1. Cap Estel

2. Aman Le Melezin

Единствениот алпски посед на компанијата Aman Resort е познато ексклузивно одморалиште во минималистички азиски стил. Овој хотел се наоѓа на четири ката и на своите гости им нуди можност да уживаат во неверојатната земја на чудата, снегот, шумите и синото небо.

2. Aman Le Melezin

3. Shangri-La Hotel Paris.

Изградена во 1896 година како приватен дом на принцот Роланд Бонапарта, овој хотел претставува совршен баланс на азиското угостителство и француската уметност на живеење. Повеќето од 101 соби, нудат прекрасен поглед на Ајфеловата кула и реката Сена. Елеганцијата на стариот свет е присутна во секоја соба, додека идеална релаксација се нуди во најголемиот затворен базен во Париз. Гастрономска авантура е исто така достапна во ресторанот L’Abeille кој има две Мишелин ѕвезди.

3. Shangri-La Hotel Paris

4. InterContinental Bordeaux Le Grand Hotel

Овој хотел има многу завидна локација – се наоѓа спроти Национална Опера. Претрпе големо реновирање пред две години, без да загуби од својата оригинална убавина и карактер. Овој хотел сега нуди гурмански ресторан со Мишелин ѕвезда, Le Pressoir d’Argent, предводен од познатиот Гордон Ремзи. Секоја од 148 соби и апартмани опремени се со модерни телевизори, мермерни бањи и бесплатен Wi-Fi интернет. Од скоро дел од понудата на хотелот е и луксузниот спа центар, инспириран од римските бањи.

4. InterContinental Bordeaux Le Grand Hotel

4. InterContinental Bordeaux Le Grand Hotel

Овој хотел се наоѓа на површина од 13 хектари на француската ривиера и гледа кон средновековниот замок St Paul de Vence. Медитеранското синило може да се види во далечината, така да овој хотел се препорачува за секој кој сака да ужива во романтичната француската ривиера. Поседот на овој хотел датира од 1115.godine кога Темпларите ја добиле оваа земја од грофот на Прованса.

Chateau Saint Martin е изграден во 1936 година, но дел од Темпларскиот замок се уште постои, како потсетник на богатата историја на овој локалитет. Сите соби имаат исклучително софистициран ентериер, а вниманието тука е најмногу посветено на неверојатните детали.

5. Chateau Saint-Martin & Spa

6. The Peninsula Paris

Во август 2014 година, луксузот од Хонг Конг се пресели во Париз – ова беше првиот европски посед на брендот Peninsula Hotels, кој е светски познат по своите ултра ексклузивни и луксузни хотели. Peninsula Paris hotel се наоѓа во зграда од 19 век, која е внимателно реставрирана и многу дискретно модернизирана со ултимативните погодности на 21-от век. Хотелот нуди 200 соби за гости и 34 апартмани – секој гостински простор е беспрекорен пример за луксуз.

6. The Peninsula Paris

7. Grand Hotel du Cap Ferrat

Овој хотел на француската ривиера се наоѓа меѓу Ница и Монако, со поглед на Средоземно Море и е опкружен со приватен посед на кој се наоѓаат борови дрвја и градини со изобилство на цвеќиња. Во понудата има 74 соби, спа центар со шест луксузни соби за третмани, фитнес центар, затворен базен, сауна, парна соба и спа градина.

7. Grand Hotel du Cap Ferrat

8. Hotel du Dalais, Biarritz

Добро е познат фактот дека куќата во која е сместен овој хотел, кој нуди поглед на заливот Бискеј, е изградена од страна на Наполеон III за неговата сопруга Евгенија. Денес, овој хотел во црвени и крем нијанси, со луксузни соби и високи тавани е создаден за релаксирана и безгрижн атмосфера. Подеднакво е луксузен и Ла Ротонда ресторанот, каде љубителите на одличната храна доаѓаат да ја задоволи својата глад. Дел на хотелот е велнес центар со Guerlain Спа и ложите со поглед на море.

8. Hotel du Dalais, Biarritz

9. Le Chalet Zannier, Megeve

Се наоѓа во еден убав дел на француските Алпи, Le Chalet Zannierе е фасцинантно планинско одмаралиште, кое нуди вистински луксузно искуство. Ова одморалиште опфаќа голем простор, што всушност се состои од три ложи во алпски стил, со декорација која зрачи со софистицираноста на овој проект. Во понудата се 12 соби од кои секоја е различна, но исто така, секоја зрачи со стил, убавина и вкус. Велнес центарот, кој е составен дел на одморалиштето со својот затворен базен, сауна, амам и две соби за третмани е идеално место за релаксација, по денот поминат на снегот.

9. Le Chalet Zannier, Megeve

10. Hotel de la Cite Carcassonne – Mgallery by Sofitel

Градот Carcassone се наоѓа високо на ридот, над реката Од, со поглед на долината Laurageais и бујните Minervois лозја. Ова е инаку најголемата тврдината на Европа и секој камен претставува сведок на нејзиното романтично минато. Се наоѓа помеѓу две обележја – замокот Comtal и базиликата Saint-Nazaire, а воедно Hotel de Cite има една преубава и бајковита градина. Секоја од шеесетте соби и апартмани се опремени поединечно и декорирани во традиционален стил, со сите модерни удобности. Редизајнот на овој хотел го предводеа Gerard Gallet и Jean-Michel Ley.

10. Hotel de la Cite Carcassonne – Mgallery by Sofitel

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBalmain предлага класична силуета за есен 2017!
Следна објаваНовите Prada Velvet Cahier чанти!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР