Кога станува збор за тапетите денес, може да се најде дизајн во речиси секоја боја, стил и модел.
Прекрасна работа во денешниот свет на внатршното уредување е дека луѓето во нивните домови ја покажуваат својата индивидуалност и вкус, вели Fi Douglas, креативен директор и основач на Bluebellgray, кој е љубител на големи мурали. Тој верува дека уметноста на ѕидовите, може драстично да го промени изгледот и атмосферата во просторот.

Дизајнерите велат дека стануваме се похрабри со моделите и боите  во нашите домови. Еден од големите трендови на sидните тапети е бесконечниот спектар на бои, модели и текстури. Пред неколку години во уредувањето владееше минимализмот, чисти и едноставни ентериери. Денес, домовите се многу повеќе лични, го одразуваат вкусот и интересот на личноста. Тапетите на свој начин ја раскажуваат приказната за сопственикот на куќата, поврзувајќи го домот со карактерот.

Меѓу најновите трендови се тапети со темни и пригушени бои кои изгледаат софистицирано, особено во простор каде што има дрвени рамки на вратата или мебелот, во исто така, пригушени бои. Не се препорачува да се претера со темните бои, особено во помал простор, но одредени делови од домот во темни бои можат да бидат многу интересни.

Сето тоа зависи од потребите и можностите на луѓето кои живеат во домовите, но тапетите можат да бидат украс, кој за мал буџет може да направи многу за секој дом. Можете да ги ставите на ѕидовите од дневната соба или купатило, да обложите една или повеќе полици си нив, можат да бидат со темни или светли бои, со помалку или повеќе примероци, но едно е сигурно, дури и само еден ѕид со тапети, ќе ја промени атмосферата во просторијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМурал на разбранувано море од Jake Aikman
Следна објаваДали ја знаете разликата помеѓу сладолед и gelato?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР