Anthony Vaccarello, креативниот директор на Yves Saint Laurent, очигледно сака возбудувања, штом одлучил да им понуди на своите клиенти незаборавно возење на овие чевли.

Ова експериментирање со потпетици отиде чекор понатаму. Од потпетици со култното лого YSL , па се до потпетици на тркала кои се именувани Anya 100 Patch Roller, (во чест на една од најголемите муза на Ентони, Ања Рубик).
Сем интересниот додаток на на петите и уникатните чевли, оваа колекција на чевли е со интересен дизајн. Сите модели се со шпиц и се направени од различни видови на кожа со украси кои варираат од заковки до кристали.

Тркалата на овие чевли се функционални. Едно се наоѓа под петата и две под стапалата.

Не знаеме за вас, но ние се уште не сме ја решиле загатката за тоа како би требало да се движиме во овие чевли и самата помисла на тоа ни предизвикува страв.

Едно нешто што го знаеме за модата, тоа е дека за модата не постојат екстремни граници. Ако си ги дозволите овие Saint Laurent чевли или да ги наречеме лизгање на пета, ќе треба да издвоите нешто помалку од 2000 евра.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПривремени тетоважи кои мирисаат!
Следна објаваЛуксузен мебел инспириран од колачи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР