Neustrašivi Tim Hauard je novi TAG Heuer ambasador

Tim Hauard, американскиот фудбалски голман на машката репрезентација и на тимот Колорадо Рапидс, дојде во семејството на TAG Heuer, станувајќи нов амбасадор на авангардниот бренд.

Хауард неодамна ја доведе репрезентацијата до освојување на  2017 CONCACAF Gold Cup- и е најпознат американски голман во историјата на националниот тим на САД со вкупно 118 натпревари од 2002 година, кога тој го направи своето деби до сега.

Својата кариера Хауард ја почна играјќи за клубот Major League Soccer, MetroStars, шест сезони, пред тој да потпише за Manchester United F.C. Тој одигра 13 сезони во Европа помеѓу два врвни клубови во Премиер лигата – Manchester United F.C. и Everton F.C, a се приклучи на Колорадо Рапидс во 2016 година.

Претседателот на TAG Heuer за Северна Америка, Килијан Милер во оваа прилика рече: “Ние сме многу возбудени дека Тим Хауард од сега ќе го претставува TAG Heuer. Да се биде голман во професионалниот фудбал е потребна храброст, а Тим е еден од најсмелите. Тој  дефинитивно најдобро функционира кога е под притисок, а на тој начин најдобро се одразува нашето TAG Heuer мото #Don’tCrackUnderPressure.”

Хауард, се разбира, додаде: “Јас сум горд што станав дел од семејството на TAG Heuer, еден од најпознатите луксузни спортски брендови во светот. Делиме иста страст за прецизност и посветеност под неверојатен притисок, што ова партнерство го прави идеално. Јас навистина со нетрпение ја очекувам предстојната соработка”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршено летно освежување
Следна објаваСофистициран гламур за машко купатило!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР