Везеното цвеќе е дефинитивно моден тренд кој насекаде не следи последниве неколку сезони, така и оваа на фустани, блузи, здолништа и палта, а може да се најде и на торбие и ранците.

Инспирирани од природата модниот бренд Grav Grav од Истанбул создава уникатни и живописни торби, кои се направени од природни материјали како дрво, кожа, керамика и предиво.

Брендот се  фокусира на чувството на припадност и е заинтересиран за создавање на магичен канал помеѓу жените и природата. Секоја текстура на дрво,има своја уникатна приказна и ја отелотворува душата на природата.

Grav Grav го употребува дрвото како простор за олицетворение на уметнички предмети и модели, фокусирајќи се на материјалната индивидуалност. Колекциите се изработени во Истанбул, со користење на природни материјали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВкуси го летотово Скопје:Од 5ти август прв Летен фестивал на овошјето
Следна објаваDior есен 2017 couture колекција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР