Јогурт, свежо исцеден сок од портокал, кафе, кроасан…, сите овие намирници звучат како совршен прв оброк во денот, но нутриционистите предупредуваат дека ако ги консумирате на празен стомак, можат да направат повеќе штета отколку корист.

1. Производите од лиснато тесто содржат квасец кој ќе не надуе, но не и најаде.
2. Слатките ќе го зголемат нивото на инсулин и ќе го нападнат панкреасот кој се уште е во фаза на будење.
3. Јогуртот е здрав, но кога се конзумира на празен стомак ја напаѓа млечната киселина.
4. Крушките се полни со влакна, кои се инаку здрави и потребни на нашиот организам, но во раните утрински часови можат да ја оштетат желудачната слузница.

5. Доматите се полни со танинска киселина, која не се препорачува во утринските часови.
6. Зелениот зеленчук, вклучувајќи ги и краставиците, се полни со амино киселини кои на празен стомак може да предизвикаат надуеност и горушица.
7. Кога се консумираат на празен стомак бананите може да го кренат нивото на магнезиум во крвта, што не е добро за срцето.

8. Дури и малите количини на зачинета храна на празен стомак, ќе го зголемат производството на киселина во стомакот и ќе предизвикаат проблеми во дигестивниот систем.
9. Иако на прва ви се чини дека меурчиња од газираните пијалоци ви го олеснуваат варењето во желудникот кој нема ништо да свари, меурчињата ја напаѓаат слузницата и го забавуваат протокот на крв во стомакот и со тоа го забавуваат варењето на храната.
10. Цитрусите богати со киселини на празниот желудник предизвикуваат горушица, а долгорочно, можат да предизвикаат гастритис и чир на желудникот.

Доручекот е најважниот оброк во денот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен хороскоп од 31.07 – 06.08.2017 година!
Следна објаваУникатен лустер инспириран од природата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР