Јајцата се храна од исклучително хранлива вредност. Готвењето на јајцата обично е една од првите активности кои ги правиме во кујната, но процесот може да биде полн со трикови и “стапици”. Иако варењето на јајца изгледа како многу едноставна кулинарски задача, често пати подготовката се сведува на импровизација. За сите кои се почетници во кујната, или сте расположени за кујнски апарати кои ќе ви ја олеснат подготовката, ние ви ја претставуваме листата на апарати со кои секој пат ќе имате совршено приготвени јајца.

  1. Тајмер кој ја менува бојата за да ви каже точно во која фаза се јајцата, меко, средно или тврдо варени.
    Burton Egg Timer- 6$

2. Сад за микробранова, во која истовремено можат да се подготват повеќе јајца.
Nordic Ware Microwave Egg Boiler- 13$

3. Апарат за варење на јајца
Hamilton Beach Egg Cooker- 20$

4. Апарат за подготовка на омлет кој е толку лесен за употреба, што ќе можете секое утро набрзина да подготвите здрав и хранлив појадок, без загорени тава.
Holstein Housewares Omelette Maker- 33$

5. Овој апарат не само што совршено ќе ги свари јајцата, туку ќе ви направи и сендвич, а сето тоа во исто време. Во рок од неколку минути, oвој гаџет може да направи вкусни сендвичи од врвот до дното. А вие во него, можете да додадете додатоци по ваша желба.
Hamilton Beach Breakfast Sandwich Maker- 19$

6. Во овој сад ставете ги јајцата и додатоците што ги сакате, зачини, сирење и зеленчук, се ставете во микробранова печка и ќе добиете совршено подготвен омлет.
Egg- Tastic Egg Cooker- 10$

7. Rollie апаратот за јајца, подготвува јајца без масло. Се што треба да направите за совршено варени јајца е да ги ставите јајцата и додатоците во апарот и  да почекате шест до осум минути.
Rollie Easy Quick Egg Cooker- 30$

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Совршено влегување во базен
Следна објаваОва лето се носат бикини со висок струк!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР