ОВЕН

Работа – Моментално не сте во можност да одберете тим и колектив, ќе мора да бидете пофлексибилни кога станува збор за бизнис. Трпението во вашата работа најмногу се исплати.

Љубов – Ако сте слободни, можете да го запознаете партнерот преку еден пријател. Имате одлична недела пред вас, искористете ја.

Здравје – Грбот ви е слабата точка.

БИК

Работа – Оваа недела ќе имате поголеми трошоци отколку што планиравте. Иако планетите работат во ваша корист, вие како да не знаете тоа да го искористите.

Љубов – Окупирани сте со една личност. Како што изгледа, се уште немате намера да го направите првиот чекор. Не се прашувате зошто се уште сте сами?

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Имате одлична соработка со клиентите, што се гледа на деловното поле каде се ви оди на подобро. Не ја пропуштајте шансата да добиете поголема полза.

Љубов – Ве привлекува личност од вашето минато, но вие не сте сигурни дали да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.

Здравје – Намалете го стресот.

РАК

Работа – Како тоа, само вие треба да направите се што ќе ви кажат? Одете на одмор. А по одморот, размислите добро што навистина сакате од себе и другите, без разлика дали тие се подредени или претпоставени во однос на вас.

Љубов – По периодот на кавги доаѓа време за помирување, што е добро за вашата врска и нејзината иднина.

Здравје – Со здравјето се е во ред, иако не се чувствувате така.

ЛАВ

Работа – Периодов без инспирација го заменувате со одмор, а тоа сега најмногу ви треба. Не сте навикнати работата да ја работите половично, затоа по одморот повторно ќе доминирате со нови идеи.

Љубов – Минатото и понатака се враќа, но тоа повеќе не ве вознемирува, сега ви е смешно.

Здравје – Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа – Нешто пропуштивте и успехот ви избегна за малку. Ќе тапкате малку во место, но успехот нема да ве избегне!

Љубов – Нема да бидете расположени за дружења и излегувања, но внимавајте на кавга во кого некого можете да навредите.

Здравје – Главоболка.

ВАГА

Работа – Веќе некое време сте под деловен стрес, но состојбата на банковната сметка ви го враќа осмевот на лицето. Периодот кој е пред вас, искористете го да го завршите почнатото.

Љубов – Слушнете ги советите на луѓето од вашата околина и не се залетувајте прерано. Размислете два пати.

Здравје – Потребен ви е престој во природа.

ШКОРПИЈА

Работа – Не очајувајте, затоа што немате премногу лош став, кога негативните трендови се во полна сила. Што и да се случи, вие знаете дека сте доволно способни да се извлечете.

 

Љубов – Во љубовта добро ќе ви оди оваа недела. Само така продолжете, затоа што нема што да изгубите.

Здравје – Повеќе вежбање и спиење, а помалку нервози.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Вашата финансиска состојба се подобрува од повеќе страни и немате могу загуби. Се е дорбо и така треба да биде. Време е за некои нови планови.

Љубов – Заљубени и среќни, а не сте свесни за тоа што навистина се случува во емотивната врска.

Здравје – Обидете се да ја поправите крвната слика.

ЈАРЕЦ

Работа – Не очекувавте помош од колегите, но таа секако, беше добредојдена. Не знаете како да им се заблагодарите и да им вратите со иста мерка. Размислете внимателно.

Љубов – Ви се допаѓа една личност со која работите. На вас е да го направите првиот чекор во комуникацијата.

Здравје – Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работа – Како да ви е премногу досадно од оваа работа. Можеби, сепак, би требало нешто да се промени.

Љубов –  Заљубени сте, но тоа не смеете ни себе си да го признаете.

Здравје – Спортувајте.

РИБИ

Работа – Колегите како да немаат разбирање за вашата моментална состојба. Потрудете се да ја поправите состојбата во која моментално се наоѓате.

Љубов – Имате голема подршка од партнерот, без разлика што и да е.

 

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите летни парфеми!
Следна објаваНова креативна насока на брендот Salvatore Fеrragamo!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР