Top 5 zavodljivih letnjih parfema

Пoстапете со парфемите како и со облеката – прилагодете ги според сезоната!

Со оглед на тоа дека топлото време ја менува хемијата на нашата кожа, парфемите кои сте ги носеле во текот на зимата, сигурно се премногу силни за да ги користите во лето. Читајќи кои парфеми ги носат познатите и кои се најпродавани парфеми за ова сезона, ви ги откриваме овие 5 парфеми кои ќе направат да мирисате боженствено и кога сонцето пече. Изберете го омилениот и започнете со прскање.

Mon Guerlain Eau de Parfum

Веројатно благодарение на Анџелина Џоли, кој беше заштитно лицето на кампањата, Guerlain Eau de Parfum, стана многу популарен во целиот свет. Ориентален, дрвенкаст мирис кој содржи нота на лаванда, јасмин, сандаловина и ванила.

 

Mon Guerlain Eau de Parfum

Hermès Eau des Merveilles Bleue

Парфемот е создаден од Кристина Neјџел, и е мирисна интерпретација на водата која се прелева преку камењата. Заробен во сино шише, самиот мирис се покажува како свежа, комбинирана морска нота со пачули и дрво.

Hermès Eau des Merveilles Bleue

Giorgio Armani Si Rose Signature

Со горната нота од фрезија, ирис и црна рибизла како и основните ноти на мошус и ванила, Si  Rose е парфем кој би го пробале со сите ваши сетила. Во срцето на парфемот се наоѓа розата, кои ги комбинира двете варијанти на овој цвет.

Giorgio Armani Si Rose Signature

L`Occitane Terre de Lumière

Инспирирани од златното зајдисонце во Прованса, L`Occitane Terre de Lumière содржи бергамот и бадеми во своите горни ноти, мед од лаванда во срцето на парфемот, додека основните ноти се карактеризираат со балсамико и мошус. Тој е совршен за дамите кои сакаат зачински парфеми.

L`Occitane Terre de Lumière

Miu Miu L’eau Bleue

Не само што е ова е едно од најдобрите шишиња за парфеми кои се појавија оваа сезона, туку Miu Miu L’eau Bleue, е еден од омилените предлози за ова лето. Лесен и освежувачки, наменет за секојдневно носење, а содржи комбинација на ѓурѓевак и полски цвеќиња покриени со роса. Парфемот содржи и ноти од пачули, бибер и дрвенести ноти.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTERRA BOTANICA – рај за љубителите на зеленилото!
Следна објаваНеделен хороскоп од 24 – 30.07.2017 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР