Според дизајнерите на ентериери ова е главниот тренд во 2017 година!

Според дизајнерите на ентериери ова е главниот тренд во 2017 година!

Кога станува збор за тапетите, денес можат да се најдат во речиси секоја боја, стил и модел.

Прекрасна работа во денешниот свет на внатрешниот дизајн е дека луѓето во нивните домови сакаат да ја покажат својата индивидуалност и вкус, вели Douglas Fi, креативен директор и основач на Bluebellgray, кој е љубител на големи мурали. Тој верува дека уметностa на ѕидовите може драстично да го промени изгледот и атмосферата на просторијата.

Дизајнерите велат, дека ние стануваме многу похрабри со уникатите и боите во нашите домови. Еден од големите трендови се sидните тапети, иако самите тапети и не се некоја новина во светот на дизајнот на ентериерот, но секако бесконечниот избор на бои, модели и текстури е. Пред неколку години во уредувањето на домот владееше минимализмот, чисти и едноставни ентериери. Денес, домови се многу повеќе лични, како одраз на вкусови, интереси и индивидуалност. Тапетите на свој начин можат да ја раскажат приазната за сопствениците на куќата, поврзувајќи го домот со карактерот на домаќините.

Меѓу најновите трендови се тапети со темни и пригушени бои, кои изгледаат софистицирано, особено во простор со дрвени рамки на вратата или мебелот, исто така со пригушени бои. Не се препорачува да се претера со темните бои, особено во помалите простори, но, одредени делови од домот во темни бои можат да бидат многу интересни.

Сето тоа зависи од просторот, желбите и можностите на луѓето кои живеат во домовите. Тапетите можат да бидат украс со мал буџет и можат да направат многу за секој дом. Можете да ги ставите на ѕидовите од дневната соба или купатилото, покриете една  или повеќе полици, може да бидат со темни или светли бои, со помалку или повеќе дизајни, но, едно е сигурно, дури и само еден ѕид ќе внесе промена во собата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНово специјално издание на Hennessy!
Следна објаваГолемо враќање на Hawaii кошулите!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР