Во предградието на Мумбаи, се наоѓа најголемиот станбен комплекс во оваа метропола, со речиси 4.000 м2 зеленило, голем број на институции и погодности – од инфинити базен до најмодерен фитнес центар …

Овој амбициозен проект доаѓа во својот полн сјај, кога ќе се погледне во ексклузивните станови што ги нуди, кои нудат оаза на мир и тишина, благодарение на специјално избраните бои и парчиња на мебел, кои се олицетворение на рафинираниот минимализам.

Во стилски дијалог меѓу неутралните нијанси – од белата до голуб-сивата и беж, и во потрага за материјалите, како кожа и најдобрите ткаенини, овој простор содржи голема дневна соба, трпезарија, семејна соба, три спални соби со приватни бањи, кујна и отворен балкон.

Ekskluzivni dizajn stana u Mumbaju

Гломазните Land софи со своите интригантни волумени, заедно со Carol фотељата, која се карактеризира со удобниот прилагодлив наслон, одлично се вклопуваат со масичките со мермерни површини за кафе Poggio и ја прават оригинална дневната соба.

Ekskluzivni dizajn stana u MumbajuEkskluzivni dizajn stana u MumbajuEkskluzivni dizajn stana u MumbajuEkskluzivni dizajn stana u Mumbaju

Природна светлина ја исполнува спалната соба, која е опремена со два кревети Alivar кои кријат зад себе беспрекорно стилско истражување, јасно видливо во заоблените решенија за Маја моделот или големите перници на моделот Oasi, гарантирајќи во исто време крајно ниво на удобност.

Ekskluzivni dizajn stana u MumbajuEkskluzivni dizajn stana u Mumbaju

Семејната мала соба, каде што семејството се собира, го рефлектира стилот на дневната соба со помош на Swing софата, прекриена со мека и нежна кожа, додека сетот на масичките во две различни големини и височини со својата екстремна форма, ја поврзува оваа дизајнерска експресија.

Ekskluzivni dizajn stana u Mumbaju

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКатастрофално послужена храна во рестораните ширум светот
Следна објаваСтудентски дом во Париз разубавен со графити
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР