Gde letuju poznati

И познатите ѕвезди имаат годишен одмор …

Помеѓу многубројните настани, снимање на филмови и албуми, ѕвездите знаат добро да се одморат и да одат на некои егзотични места за целосно да се опуштат.. Сепак, тие не одат било каде…

Дознајте на кои места познатите личности сакаат да патуваат, а кој знае, можеби и вам ќе ви се посреќи!

Ibica

Ибица

Ако сте во потрага за една весело и егзотично место, Ибица е вистинскиот избор за вас. Ибица е едно од Балеарските острва во Средоземното Море и припаѓа на Шпанија. Тоа привлекува голем број на туристи во текот на годината поради неговата неверојатна глетка и луксузни хотели. Островото е една од омилените дестинации на познатите личности, вклучувајќи ги и Кејт Хадсон, Џони Деп, Џастин Бибер и многу други.

Pariz

 Париз

Познатите личности не можат да бидат уморни од градот на љубовта. За време на турнејата“Formation”, пејачката Бијонсе намина со својот сопруг и нивната ќерка токму во овој град. Оваа година ќе можат да го посетат Париз повторно, со уште двајца нови членови на семејството.

Jezero KomoЕзерото Комо

Езерото Комо е романтично место каде што се земаа Џон Леџенд и Криси Тајген. Покрај тоа, ова е омилена дестинација за одмор на Џорџ Клуни и Амал, каде што имаат куќа.

Bali

Бали

Бали е една од оние дестинации на која сите и се враќаат, а исто така, тука доаѓаат и познатите ѕвезди. Lupita Njong’o е една од нив, која речиси секоја година оди на ова егзотично и топло место. Таа дури и го препорачува за сите, заради својата надреална убавина.

Tokio

Токио

За време на летната сезона, многу познати личности наминуваат во главниот град на Јапонија, Токио. Ако навистина сакате да видите некоја од славните личности, право место за вас е Дизниленд-от.

Madrid

 Мадрид

Гвинет Палтроу, Ед Ширан, Алиша Викандер и Карли Клос ги врзува една иста работа – омиленото место за одмор – Мадрид!

Havana

 Хавана

Познатите како Мадона, Бијонсе и Џеј-Зи, Наоми Кембел, Ријана и многу други претпочитаат да одат на ова прекрасно место, со богата култура и различни атракции.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTom Ford – Tara Crossbody торба!
Следна објава‘REGARDS’- совршена постелнина за добар сон!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР