Македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата „Бест Балкан спирит“ на 7. издание на Balkan Film Food Festival во Поградец, Албанија. Ова е петта интернационална награда на „Златна петорка“, а филмот за само 9 месеци го имаат видено околу 70.000 гледачи по кината и фестивалите ширум светот, известија од продукцијата „Револушн“.

Сценариото за македонскиот филм „Златна петорка“ е инспирирано од вистинит настан за петтемина струмички студенти од 1951 година и е работено по мотиви на Братислав Ташковски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажер Андрија Зафрановиќ, сценограф Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Билјана Таневски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.

Фестивалската публика и меѓународната јавност во овој филм препознаваат поетична приказна каде љубовта се преплетува со предавството, со универзална порака за расчистување на гревовите од минатото.

Филмот „Златна петорка“ досега е селектиран на 15 интернационални фестивали, а до крајот на летото го очекуваат проекции на фестивалите во Варна, Темишвар и Краина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромоција на „Скопски легенди“ на Данило Коцевски
Следна објаваMагична модна ревија “A Tale of Fallen Kings”на Elie Saаb!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР