Жители сме на планета со загрозена средина. Ова глобално прашање станува се поалармантно и сите треба да размислиме што правиме за подобрувањата на состојбите, дури и на ниво на индивидуи. Ирина Тошева ја промовира важноста на заштитата на животната средина и со својата последна колекција “Ease”.

Бурното и напнато секојдневие не тера на момент да застанеме, да ги затвориме очите и да гледаме со срцата. Спокојот, леснотијата, внатрешниот мир се пренесени преку волшебна фото приказна на фотографот Миладин Паповиќ со моделите Ана Ежова и Ивана Васовска. Проектот е работен неколку месеци и посветено е внимание на секој детаљ. Така за изработка на шминката, Виктор Мирчевски користи природни цветови.  Печатени на еколошки материјали дезените се соработка со американскиот уметник Mark Lovejoy. Модните додатоци се соработка со Mighty Jewelry и претставуваат минијатурни пејсажи од природата. Колекцијата беше презентирана на Моден викенд Скопје во април.

Тим:

Облека: Ирина Тошева

Фотографија и пост продукција: Миладин Паповиќ

Модели: Ана Ежова и Ивана Васовска / Моделс Ин

Накит: Mighty Jewelry

Шминка: Виктор Мирчевски

Фризура: Дарко Ристески / Бубе Студио Ин

Графички дизајн: Кристина Манчева

Асистент: Александар Петрушевски

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп од 10.07 – 16.07.2017 година!
Следна објаваПромоција на „Скопски легенди“ на Данило Коцевски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР