ОВЕН

Работа – Не ви е добро, кога ќе помислите дека ве чека уште една работна недела, а одморот е се уште далеку. Еден колега има опасни намери, затоа морате да бидете внимателни. Иако воопшто не ви се работи, не дозволувајте некој друг да ги искористи предностите на ситуацијата и да ја превземе вашата позиција.

Љубов – Во љубовта добро ви оди овие денови. Не размислувате многу, не се грижите и затоа сè си е на свое место, како што треба.

Здравје – Добро се чувствувате, консумирајте повеќе течности.

БИК

Работа – Не знаете што попрво да направите. Вие сте личност која секогаш води и која ги решава проблемите, па истото од вас се очекува и оваа недела, но вам не ви е до тоа. Не знаете кому да му верувате, така што како секогаш сé ќе сторите самите, од колку да се потпрете на другите.

Љубов – Ви се допаѓа некој со кого соработувате, но не сте спремни дополнително, работите да ги комплицирате. Оставате работите да си течат по својот пат.

Здравје – Можна несоница, одмарајте повеќе.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Знаете дека ви се наближува одморот, затоа брзате работите да ги завршите на време. Една личност со која работите не ве остава на мир, дури и кога не работите. Не можете никако да ги раздвоите приватните од службените работи.

Љубов – Авантури и оваа недела, а од љубов нема ништо на хоризонтот. Жалите за некоја поранешна љубов и тоа се одразува на вашата емотивна состојба и расположение. Се уште ништо конкретно на емотивното поле.

Здравје – Можни главоболки, спијте повеке.

РАК

Работа – Желбата за доминација се рефлектира на вашиот деловен план. Не знаете како да дојдете до посакуваната позиција, но успехот, сепак ви следи. Вашата упорност конечно ќе биде забележана од страна на вашите претпоставени.

Љубов – Се плашите од промени, оставате се да биде како што е. Не сакате да ризикувате и затоа на емотивен план ништо не ви се случува. Ви треба една кратка авантура.

Здравје -Добро се чувствувате, повеќе вежбајте.

ЛАВ

Работа – Кој не ризикува, тој не добива, но вашата финансиска состојба не е одлична, затоа не можете многу да ризикувате. Малите парични проблеми, влијаат на вашите претприемачки вештини, оваа недела.

Љубов – Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање за вашиот начин на размислување. Потребно е да седнете и отворено да разговарате за се што ве мачи.

Здравје – Болки во рацете.

ДЕВИЦА

Работа – Каде ли се сокри инспирацијата? Немате повеќе желба за работата која ја работите. Се ве нервира и желбата за одмор или промена ве опфаќа се повеќе. Одработувате, но не работите како порано.

Љубов – Заљубени сте до уши, но тоа не е некоја нова состојба за вас. Не знаете ни самите како да се однесувате ниту што да правите. Не помагаат ни советите од најблиските.

Здравје – Несоница и губење на апетитот.

ВАГА

Работа – Деловните планови добро ги решавате оваа недела, не сте ни свесни колку сте успешни во тоа што го работите. Не знаете дали е до позицијата на sвездите или на своите вештини, но тоа се одразува на вашата финансиска состојба.

Љубов – На љубовен план не ви цветаат рози. Малку сте депримирани и емотивно не средени, но подобра ситуација ве чека веќе следната недела.

Здравје – Можна нервоза.

ШКОРПИЈА

Работа – Сакате да ставите крај на се. Стресот на работа стана зачестена појава и не знаете како да се изборите со проблемите. Финансиската состојба полека се подобрува.

Љубов – Ви недостасува подршката од страна на партнерот, а вие сте во многу стресна состојба. Не знаете кому да му се обратите, бидејќи секогаш до сега, овие работи сте ги доверувале на партнерот.

Здравје – Нервоза и несоница.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Вашиот претпоставен има преголеми очекувања од вас, а вам како ништо да не ви оди од рака, оваа недела. Топлото време и долгите денови, никако не ви одат во прилог. Побарајте помош од колегите, некој сигурно има решение.

Љубов – Во љубовните односи конечно дојде до стабилизација и сега е време за заедничко уживање.

Здравје – Добро се чувствувате оваа неела.

ЈАРЕЦ

Работа – Сметките се акумулираа, а финансиите се и понатаму нестабилни. Не земајте кредит, туку побарајте дополнителна работа. Доволно сте способни, самите да излезете од кризата.

Љубов – Ве интересира една личност, но вие немате доволно самодоверба, отворено да и пријдете.

Здравје – Недостаток на сон.

ВОДОЛИЈА

Работа – Колегите постојано ви прават некои бељи, но и вие се сомневате во нивните добри намери. Опуштете се, бидејќи вашата позиција не може да биде толку лесно разнишана. Вие тоа долго се го граделе и нема лесно да ви го срушат интегритетот.

Љубов –  Оваа недела, можни кавги со партнерот. Не влегувајте во големи расправии.

Здравје – Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа – Повторно се ви оди од рака. Искорисете ги сите поволности на деловен план, затоа што оваа недела за вас ќе биде успешна, што се гледа и на финанскиот план.

Љубов – Љубовта ви цвета како првиот ден. Заљубени и среќни.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

СПОДЕЛИ
Претходна објава11 најубави библиотеки во светот!
Следна објаваEase – колекција пролет/лето ‘17 на Ирина Тошева
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР