Кујната која овој пат ви ја претставуваме, беше реновирана и сега е тоа еден шик простор со неверојатни можности …

Овој простор од околу 40 м2, пред почнувањето на градежните работи се чинеше застарен и безбоен, а се разбира дека мораше некако да се донесе во дваесет и првиот век. Сопственичката на куќата, Christina Faulhaber, којa исто така и самата е добар познавач на новите трендови, побара помош од дизајнерката Еmi Dilon.

Elegantna i stilizovana kuhinja

Како што вели Еми, поголемиот дел од распоредот е непроменет, но некои детали се сменети со цел да се создаде нивната употребливост. Сменети се сите кујнски елементи со оние кои штедат на простор и имаат повеќе функции, додека застарените апарати се заменети со нови, елегантни и добро интегрирани опции. Старото острво во кујната, беше заменето со потесно и подолго, а со тоа се подобри и зголеми просторот за седење.

Elegantna i stilizovana kuhinja

Кога функционалноста на кујната беше доведена до совршенство, дојде време да се посвети и на декорација. Еми ги избра елементите кои се вклопуваат во начинот на живот на нејзината клиентка – елегантни кабинети во две бои, отворени полици и акцентиран ѕид. Како што вели таа, трендовите најверојатно наскоро ќе поминат, но се сосема соодветни за овој простор, а се вклучени во неутралната палета на бои. Вистински пример за тоа се плочките, кои не се ниту премногу монотони ниту нападни, туку едноставно, модерни и во совршена хармонија со сивите тапети и бакарната опрема која може да се види тука.

Elegantna i stilizovana kuhinja

Белите кабинети се поврзани со темно сиви акценти, за создавање на грациозен амбиент, наместо колор блок стил. Работните површини кои се чини дека се направени од мермер, совршено дадоа еден допир на луксуз. Столиците во трпезаријата се во интересни нијанси на сина и дефинитивно се во центарот на вниманието. Допирот на бакарот, вметнат е во овој простор со помош на висечкиотр лустер Том Диксон, па така и оваа зона доби еднаков третман, кој го доби и кујната.

Elegantna i stilizovana kuhinja

Интересни уметнички дела што ја красат оваа кујна и трпезарија, се всушност дела на сопственичката на овој дом, а создаваат впечатливо и интереснено влијание.

Elegantna i stilizovana kuhinjaElegantna i stilizovana kuhinja

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламур и отменост за секој ден – Zuhair Murad!
Следна објава11 најубави библиотеки во светот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР