Мажите кога купуваат автомобил, обично бираат германски, часовникот мора да биде швајцарски, додека оделото, за да биде идеално за сите нивни потреби и по сите најнови трендови, мора да биде италијанско …

Италијански модни брендови секоја година година, ни нудат освежени модели кои се одликуваат со модерни стилови, особено кога станува збор за сакоа и блејзери. Разновидни и лесни сакоа кои овој пат ви ги презентираме, беа дел од инсталацијата за познатата миланска шопинг дестинација, улицата Montenapoleone, а беа изложени за време на машка модна недела.

Trend report: 10 sakoa za muškarce

Тие претставуваат олицетворение на модерен стил за мажи кои се грижат за себе и својот изглед во секој момент, бидејќи се идеални за бизнис состаноци, вечерни излагања или опуштени прошетки.

Ferragamo

Овој елегантен Salvatore Ferragamo комплет е креиран од лесна мешавина на мохер и волна и има современа смелост, претставена со суптилните ленти.

Ferragamo

Boglioli

Ова Bogliolo сако е изработено од најлон и еластин – два материјали кои често се користат за да се создаде спортска мода, заради неговата отпорност на влага и лесно движење. Помешано со памукот кој му дава мекост, оваа креација нема лесно да се изгужва.

Boglioli

Isaia

Лесно и проsирно, ова сако направено од лен, е нешто што секој маж мора да го поседува. Создадено е од мешавина на волна, лен и свила, меко и удобно, а со цел така да го задржи и својот облик.

Isaia

Loro Piana

Ова елегантно класично камел палто е совршено за секое време од годината. Брендот Loro Piana го претставува токму овој модел, создаден од комбинација на памук, волна и кашмир.

Loro Piana

Canali

Со овој дезен од графички сината и белата,  исткаен од памук, кашмир и лесна волна, Canali ни претстави класична и модерна смелост.

Canali

Kiton

Сакото Kiton е изработено од кашмир, свила и лен, а ни презентира многу елегантен и отмен стил.

Kiton

Cesare Attolini

Класично  парче кои добива модерен изглед во визијата на брендот Cesare Attolini, преку мешавината од лесен и проsирен памук и волна.

Cesare Attolini

Stefano Ricci

Кашмир, свила и лен се комбинирани на многу луксузен начин во ова сако на брендот Stefano Ricci.

Stefano Ricci

Caruso

Сакото Карузо ќе ви овозможи на сите јасно да го покажете својот стил со помош на мешавината од памук и полиамид, со што го спречува гужвањето и ја одбива течноста.

Caruso

Brunello Cucinelli

Лежерната мешавина од свила и памук е лесна и многу удобна, а се користи за креациите на Brunello Cucinelli сакоата, кои изгледаат подеднакво сјајно во зима и лето.

Brunello Cucinelli

СПОДЕЛИ
Претходна објаваETO – иновативно шише за чување на вино!
Следна објаваМодно освежување | Во Скопје пристина грчката приказна за Axel
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР