Ви претставуваме еден уникатен серијал на Натали Башоски. Емоцијата е главниот двигател, а човековото тело е столб во самиот центар на случувањата. „Моментална умствена состојба“ на интелегентен и пионерски начин ги доловува движењата на моделот кој смело им пркоси на законите на физиката.

Овој серијал може да понуди многу одговори на прашањето: Што правите кога сте сами? 

Акцентот е нагласен на слободата на личната експресија, ексцентрични движења што сепак изгледаат толку лесно. Состојба на мир и заедничко дишење со моментот. Состојбата на умот во токму овој, даден момент.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР