Сега кога се намаленијата, идеално време е да се исчистат гардероберите и да се почне со планирање на комбинациите.

1. Слични парчиња на облека
Долните маици се една работа, но ако имате 6 многу слични цветни фустани, време е нешто да превземете, особено ако од тие шест секогаш ја бирате истата.
2. Облека која се уште има етикета
Облекта која не сте ја облекле никогаш или можеби само еднаш, парче што сте го купиле само затоа што било на попуст, мислејќи дека соршено ќе ви одговара кога ќе ги симнете тие 4 килограми…Ослободете се од таа облека, донирајте ја или заменете ја со некоја пријателка, сигурно и во нејзиниот гардеробер се кријат некои етикети.
3. Облека која е носена само по дома
Сите ние имаме некое парче на облека, кое требало одамна да исчезне од нашиот гардеробер, но се уште е таму поради некоја сентиментална причина или затоа што ни е удобно. Вистина е дека ова е наш простор и во него, додека никој не не гледа, можеме да редиме се она што има влијание врз тоа како се чувствуваме или на што се сеќаваме. Но, на некои работи и некои сеќавања им поминал рокот на траење.

4. Парчиња од минатото
Во својот гардеробер сите имаме по некоја маица која некогаш совршено ни стоела со фармерките, здолниште за елегантна и лежерна комбинација, но сега таа иста маица веќе подолго време само пречи во плакарот. Размислете зошто повеќе не ја носите, не ви одговара моделот, ткаенината, бојата или сте го смениле стилот, решете се од тоа парче веднаш.

5. Облека за другата верзија од вас

Дали имате облека што сте ја купиле за тогаш кога ќе бидете потенки, подебели, повисоки, пониски,.. кога ќе почнете да трчата или да одите на јога?
Сета облека која ги очекува тие моменти повеќе од половина година, треба да излезе од плакарот.

6. Џанк облека…

Се што е извалкано или оштетено и нема надеж дека некогаш ќе биде погодно за носење..Не го оставај “за дома”, видете под 3.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава8 основни принципи за уредување на вашиот ентериер!
Следна објаваОдмор на Тајланд како од соништата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР