Шпанскиот моден бренд Springfield, познат по модните парчиња за трендовски и релаксиран изглед ќе биде дел од овогодинешното издание на Д Фестивал, кој ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран.

По примерот на светските музички фестивали, оваа соработка ја потенцира неизбежната поврзаност на модата и настаните од ваков вид кои се вистинско место за презентација на уникатноста и креативноста во облекувањето.

Соработката на Springfield и Д Фестивал ќе вклучи повеќе активности. Така, пред започнувањето на фестивалотсите оние кои веќе се подготвуваат,  ќе имаат можност да ја покажат својата #musthaveкомбинација на Instagram со хаштаг #springfieldfetsivalready и на тој начин да станат потенцијални добитници на вредносни ваучери од брендот.

За време на фестивалот посетителите ќе може да го овековечат својот моден избор на специјално означена Springfield позиција и потоа да го споделат со хаштаг #springfieldfestivalfashion. Најуникатните модни комбинации бидат наградени со подароци одSpringfield.

Дополнително, 1000 посетители на фестивалот со својата влезница ќе добијат и купони со попуст за купување во продавниците на Springfield.

Доаѓа време за забава и мода, за релаксирани денови и возбудливи ноќи, па затоа подгответе се најдобро што можете и уживајте во уште едно незаборавно фестивалско лето!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБразлетни на ножниот глужд се повторно во мода!
Следна објава8 основни принципи за уредување на вашиот ентериер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР