ОВЕН

Работа – Тензијата и енергијата кои ги чувствувате, се должи на Марс и Меркур во вашето четврто поле. Овој аспект укажува на можноста за конфликт во семејството поради нерешени бизнис прашања. Од друга страна, Венера се уште престојува во вашето поле на пари, што е добра позиција да се воспостават нови деловни односи и финансиски добивки.

Љубов – Неделата започнува со раст на Месецот, кој го маркира вашето поле на партнерството, создавајќи услови за отворена дискусија за некои незгодни прашања. Тие кои се во брак или во долга врска, не треба да ги тестираат нервите на партнерот, нити да претеруваат со своите барања. Клучот во партнерскиот однос е умереност.

Здравје – Можна настинка, чувствителност на долниот дел на стомакот, гинеколошки или уролошки проблеми.

БИК

Работа – Венера во вашиот знак укажува на поволни движења, но исто така и на преголеми очекувања. Што се однесува до работата, најдобро е да се задржи сегашната ситуација и да не експериментирате со промени. На долгорочните планови им пречи ретроградниот Сатурн, кој успорува некои деловни решенија. За среќа, на крајот сè ќе излезе добро.

Љубов – Спојот на Марс, владетелот на партнерството и Меркур во вашето трето поле, укажува на бројни недоразбирања и несогласувања. Од друга страна, во непосредна близина се наоѓа лицето заради кое можете да ги промените плановите во целост. Марс и Венера се наоѓаат во секстилните знаци на Рак и Бик, така да може да дојде до забрзан развој на случувањата.

Здравје – Пазете се од повреди во текот на целиот период.

БЛИЗНАЦИ

Работа -Периодот пред вас, благодарение на Сонцето, Марс и Меркур во областа на пари, ви носи многу промени, а следниот период ќе имате многу важни договори, со кои се утврдува периодот до крајот на годината. Но, како спојот на Меркур и Марс укажува на грешки, избрзани одлуки и слично, претпазливост и здравиот разум мора да преовладува.

Љубов – Венера е во дванаесетото поле, но е многу моќна, бидејќи е во знакот на сопственото живеалиште Бик, што укажува на можноста за емоционално поврзување со некој кој долго ве интригира. Тоа би можело да ви го комплицира животот, особено ако сте во брак или во долга врска.

Здравје – Да се зајакне имунитетот бидејќи се можни воспаленија и вирусни инфекции.

РАК

Работа – Сонцето, Марс и Меркур во вашиот знак, носат многу настани и во исто време ја нагласуваат состојбата на конфликт со авторитети, претпоставените или лица од кои зависи вашиот бизнис. Подобро најдете начин да се променат или регулираат претстојните договори…суетата настрана.

Љубов – Некои припадници на знакот ќе бидат разочарани од ситуации и средби од кои очекуваа многу, додека останатите, изненадени, ќе се најдат во ситуација да мораат да се определат меѓу две можности. Во секој случај, пред вас е непредвидлив и деструктивнен период.

Здравје – Можно е активирање на сите хронични проблеми. Не претерувајте со сончањето.

ЛАВ

Работа – Полно дванаесето поле е знак на претстојните промени, големи очекувања и нестрпливост да започнете нешто ново, за да стигнете до долго очекуваната цел. Венера во десетото поле, во последната декада на Бик, зборува за турбулентни, длабоки промени кои веќе се започнати и не можат да запрат, а се поврзани со кариерата. Сега е време да се свртите кон иднината.

Љубов – Ретроградноста на владетелот на седмото поле, како и добриот аспект на Венера према десетото поле, укажува дека сите настани се поврзани со кариерата, а малку или воопшто не за љубовта. Успех е да се задржи статусот таков каков што е, и да не се влегува во никакви промени, бидејќи резултатот ќе биде спротивнен на очекуваното.

Здравје – Напрегната психа, стрес и напорните настани имаат само еден лек, одмор.

ДЕВИЦА

Работа – Јупитер во полето на пари, оваа недела е во врска со Месецот и најавува дека нешто поголемо се случува, дека финансиите по долго време ќе се консолидираат. Ни досега не ви одеше лошо, но расходите ги надмина приходите.

Љубов – Недоразбирањата со вашиот партнер и разбирањата со вашите пријатели не донесоа многу придобивки. Секој влече на своја страна, а рабоата да биде полоша, никој не сака да попушти. Слободните ќе сфатат дека една личност од блиска средина долго време се обидува да создаде можност, пријателскиот однос да го претвори во врска.

Здравје – Жолчното кесе, црниот дроб, панкреасот, или нешто друго, ги загрозуваат абдоминалните органи.

ВАГА

Работа – Јупитер во првата куќа, по периодот на ретроградност, достигнува соодветна брзина и носи нови работи кои ви одат во корист и кои укажуваат на просперитетен бизнис. Оние кои се занимаваат со приватен бизнис се движат во нови проекти, но во исто време, ставаат на грбот и голем товар.

Љубов – Мала конфузија во партнерство и големи промени, но не се од суштинско значење. Се ќе се заврши само со зборови. Исто така, нешто тајно, сосем случајно, може да стане јавно. Особено ако тоа е преписка на текст пораки, или некоја слична форма на комуникација.

Здравје – Забавен метаболизам и варење на храната. Обрнете внимание на безбедноста на намирниците.

ШКОРПИЈА

Работа -Парите и понатаму ќе продолжат да бидат вашиот главен проблем, како што беше и во претходниот период. Незадоволни сте со финансиската состојба и ја користите секоја можност за да ги зголемите приходите. Од друга страна, Јупитер во дванаесетото поле зборува за некои добри зделки, но на одредено време.

Љубов – Венера во седмото поле е токму каде што треба да биде, така да емотивната состојба полека се средува. Оваа недела е малку подобро, и ова е поволен момент за сите проблеми со партнерот да се разјаснат.

Здравје – Заморот и лошиот имунитет, можат да бидат последица на слабокрвност. Проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Јупитер, вашиот владетел, по долго време укажува на тоа дека некои работи сепак се движат подобро и дека по рестриктивниотн период, пред вас се разни добивки. Бидете внимателни да не влезете во непотребен конфликт со претпоставените или со деловните партнери, затоа што сега сте полни со ентузијазам и желба за промена.

Љубов – Меркур, планетата која управува со вашето поле на партнерство е во комуникација со Марс, укажува на тензии и конфликти во наредниот период. Сакале или не, не можете да ги избегнете. Слободните припадници на знакот, ќе имаат можност да сретнат некоја необична личност што ќе ги освои на прв поглед.

Здравје – Внимавајте на исхраната, ограничете го апетитот, ако не сакате да добиете на тежина.

ЈАРЕЦ

Работа – Оваа недела е многу важна за вашата кариера. Ова значи дека некој ве проценува и морате да се докажете повторно. Сепак, аспектот е добар, немојте да бидете во дефанзива, туку направете се што можете, вашите квалитетети да дојдат во преден план.

Љубов – Марс се наоѓа во седмата куќа и ситуацијата во партнерските односи изгледа како пред објава на војна. Врската и статусот се на пресвртница, со можни прекини и проблеми. Слободните се на прагот на нова озбилна врска. Внимавајте на потребите на вашиот партнер, а не претерувајте со наметнување на своите идеи.

Здравје – Ревматски и слични проблеми со коските и зглобовите. Одете на бања.

ВОДОЛИЈА

Работа – Бројни најави за нови случувања, но малку конкретни можности, е најдобриот опис за наредниот период. Во секој случај, додека Венера е во четвртото поле, работите се уште се одвиваат на ниво на планови и некои договори од претходниот период. Дури по 6-ти јули, постои значителна промена во ситуацијата.

Љубов – Исто како и во деловниот живот, кога Меркур ќе го смени знакот и ќе влезе во Лав, во вашата седма куќа, од 6-ти јули, ќе знаете во која насока би требало да ги насочите своите емоции и со кого можете да изгради стабилен партнерски однос на цврсти основи.

Здравје – Честите нервози на работа би можеле да го нарушат вашето здравје. Релаксирајте се.

РИБИ

Работа – Сатурн премногу долго доминираше во полето на кариерата, а вие сте уморни од сите веќе видени решенија. Вашиот владетел Јупитер, гради лоши аспекти со Марс и Меркур, што покажува дека не сте во состојба да ги донесете вистинските одлуки.

Љубов – Меркур, владетел во областа на партнерството, го менива знакот и влегува во Лав, но тоа не носи олеснување, туку напротив, ќе укажува на недостаток на разбирање и неможноста да се среди врската. Затоа, не планирајте ништо, туку само избегнете ги конфликтните ситуации.

Здравје – Избегнувајте алкохол и слатки. Обрнете внимание на сигналите кои вашето тело ги испраќа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд сега гответе лесно со рецептите на Ikea!
Следна објава5 причини зошто комарците ве касаат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР