Тимот „Animove“ од Македонија се обидува да влезе во петте финалисти на глобалниот натпревар #youforG20 во Германија, и е единствен македонски учесник. Проектот со кои се претставуваат е поврзан со биодиверзитетот во Македонија и светот, спречување на понатамошно изумирање на различни загрозени организми. Тие обработија два светски загрозени организми кои ги имаме во Македонија, Египетскиот мршојадец во Демир Капија и Европската јагула во Охрид.

Како решение нудат веб апликација која ќе биде еколошка социјална мрежа и ќе содржи податоци, мапи, локација на живеалиштата, ресурси на храна, траекторијата на миграција на различни загрозени организми. Целта е да содржи информации за сите загрозени организми во светот и со тоа да биде алатка на сите граѓани како и научници. Со тоа ќе сеима пристап на сите податоци на едно место, и жителите во светот ќе можат да се информираат за загрозените организми кои живеат во или околу нивните градови и како можат да помогнат.

Вториот дел од решението е Динамо GPS локатор за различни птици и риби, кој научниците, еколошките друштва ќе можат да ги користат за следење на организмите и со тоа да дојдат до причинит за нивното изумирање. Локаторот ќе се напојува од движењето на организмите, крилјата кај птиците и перките кај рибите.

Гласајте за нивнот проект на следниов линк, се гласа со лајк на проектот.

https://youforg20.deutschland.de/en/saving-species-macedonia

Можете да се запознаете повеќе  за нивнот проект на следново видео.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВон временски шарм на брендот Tonino Lamborghini!
Следна објаваPublic Room | Погледнете ги настаните за оваа седмица
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ