Во волшебната серија на фотографии, фотографот Tони Рос го истражува концептот во кој принцезите живеат среќно засекогаш. Фотографот “патува низ времето” за да ги фати портретите на некогаш младите принцези во улогите на моќни кралици.

Оваа серија на фотографии во кои моделите се облечени во омилените Disney ликови направена е во соработка со костимографот Нефи Гарсија или „Design Daddy“. За ликовите да бидат веродостојни, секој е облечен во препознатливата облека на својот лик и е сместен во за него препознатливата средина.
Во фокусот на оваа снимање се ќерките како принцези и нивните мајки како кралици.

Можеби ненамерно, но оваа серија на фотографии дава силна порака во врска со процесот на стареењето, преку кој сите минувааме и женственоста во текот на целиот живот. Медиумите често ги занемаруваат зрелите жени и како да создаваат став дека стареењето е лошо.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФустан украсен со 500 000 Swarovski кристали!
Следна објаваPedro Almodovar е главната sвезда во кампањата на Prada!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР