На љубителите на високата мода, добро им е познато името на Elie Saab (Ели Сааб). Јавни личности, членови на кралски семејства и дами од високото друштво, не ја пропуштаат можноста на важните јавни настани, да се појавуваат во еден од неговите етерични фустани. Со несекојдневната комбинација на западната силуета со орнаментите на истокот, Saab ја најде добитната комбинација, која со години ги привлекува љубителите на целата планета.

Related image

За разлика од многу други дизајнери, патот кон ѕвездите на Ели Сааб не беше распослан со трње, туку крунисан со успеси.

Роден е во 1964 година во Либан и од рана возраст покажува интерес за дизајн. На девет годишна возраст, тој почна да прави фустани за своите сестри, користење ги остатоците од облеката на нивната мајка. Талентот на самоукото момче не остана незабележан, а веќе како тинејџер, почнува да продава фустани за жените од соседството. На 18 години, го отвора своето прво атеље во Бејрут со тим од 15 вработени. Популарните креации на Сааб, наскоро ги преминуваат границите на Бејрут и го привлекуваат вниманието на жените од високото општество, а кратко потоа и на членовите на кралското семејство. Кралицата Ранија од Јордан, го носеше неговиот фустан за време на церемоијата на крунисувањето во 1999 година.

Elie Saab – dizajner iz bajkeElie Saab – dizajner iz bajke

Сепак, други познати личности и сосема различни фустани, го ласираа името на либанскиот дизајнер  во центарот на модниот универзум. На црвениот тепих, кога го земаше својот прв Оскар, Хали Бери носеше транспарентен извезен фустан со здолниште од тафт и потпис на Сааб. Тоа беше моментот, кога Ели Сааб треската, го зафати целиот свет.

Elie Saab – dizajner iz bajke

Elie Saab – dizajner iz bajke

Раскошна употреба на материјалитате како што се свилата и сатенот облеани со бисери, скапоцени камења и тантела, се основа од која Ели Сааб како магионичар создава ремек-дела на високата мода. Поради деликатноста на ткаенините, везовите и рачното шиење, кое може да потрае неколку денови, цената на моделите на Saab haute couture, честопати достигнуваат милиони.

Related image

Image result for elie saab 2017

Image result for elie saab 2017

Related image

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренди капачки шорцеви за машките!
Следна објаваНајубавите плажи на Сицилија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР