Пријавувањето завршува на 20. јуни во 24 часот!
Учеството е бесплатно, а добиеното знаење бесценето…

cover rabotilnica za mebel-01
5 дневна работилница за мебел и декоративно осветлување во Јавна Соба, отворена за сите студенти на факултетите за дизајн!

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА:
Работилницaта во Јавна Соба ќе трае 5 дена, од 26. јуни до 30. јуни , секој ден од 10 до 15ч.
Во текот на овие денови ќе истражуваме пазари, материјали, ќе разговараме за дизајн, ќе скицираме и изработуваме макети за производи – парчиња мебел и декоративно осветлување.
Во летниот период, јули-август, мајсотори ќе ги изработуваат овие концепт производи.
Во септември ќе се изработуваат промотивни материјали за нив, а по тоа следи претставување на производите пред пошироката јавност преку продажна изложба и онлјан медиуми.

ЗА КОГО E НАМЕНЕТА:
Работилницата е наменета за сите студенти кои сакаат:
– да научат како од идеја се доаѓа до готов производ подготвен за продажба во продавница,
– да дознаат како може да се заработува како дизајнер,
– да го искусат целиот процес на истражување, производство и промоција,
– да го увидат бенефитот од тимска работа.

МЕНТОР:
Тамара Георгиевска – индустриски дизајнер

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ:
Потребно е да испратите портфолио со вашите студентски проекти, CV, како и краток опис (еден параграф) зошто сакате да учествувате на работилницата на tamara@publicroom.org
За фајлови поголеми од 5MB, Ве молиме користете www.wetransfer.com

За учество на работилницата ќе бидат одбрани до 10 студенти.

Аплицирај, биди еден од нив и научи многу, многу нови работи!

За повеќе информации пишете ни на: tamara@publicroom.org

***
Учиме заедно! Во Public Room!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШарен стан како од бајките во Лос Ангелес!
Следна објаваОвошјето никогаш не изгледало попривлечно!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ