Едноставно и со вкус.

Готвиме со IKEA!

Кога станува збор за шведскиот бренд, убавината во живеењето е едноставноста. Иако IKEA не го следи потполно ова правило кога станува збор за мебелот, овој бренд успеа да ни го олесни готвењето.

Канадската франшиза на IKEA заедно со маркетинг компанијата, Leo Burnett ја креираа Cook This Page, серија од илустрирани рецепти. Секој рецепт содржи цртежи од потребните состојки и од готвачот се бара само да ги пополни местата на хартијата, која е принтана со проверено мастило кое нема да има никаква интеракција со храната. Откако се ќе се пополни со потребните состојки, хартијата се витка во ролна и се става во рерна.

Иако сите оние кои уживаат во готвењето ќе го етикетираат овој процес за мрзелив, сепак Cook This Page ќе им се најде и тоа како на сите оние кои немаат многу време и вештина за да се покажат во кујна, а сепак сакаат да се хранат здраво. Оваа книга со рецепти за многу брзо ќе се најде во сите продавници на шведскиот бренд.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНесекојдневна можност: Шведска кујна во срцето на Скопје
Следна објаваCarolina Herrera – колекција Resort 2018!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР