Стилот Hemptons е инспириран од луксузните куќи за одмор кои се наоѓаат во областа Лонг Ајленд во Њујорк. Препознатлив е по елеганцијата, еклектизмот, класиката, високите плафони, по можност видливи греди, големи соби…сето ова го карактеризира овој стил кој дише со луксуз, а е прилично достапен.

Доколку не можете да си замислите еден таков ентериер, погледнете го филмот  “Something’s Gotta Give” со Дајана Китон и Џек Николсон во главни улоги. Куќата од тој филм е уредена во Hamptons стил. Секако дека би било идеално да се поседува една таква куќа покрај брегот, но таков стил е можно да се постигне во било кој ентериер.

Еве неколку совети како да го постигнете овој стил во домот, како да сте на плажа.

Јасно и светло, бели бои и неутрални тонови.

Jasno i svetlo

Софи и фотељи за релаксација

Мебелот е инспириран од француската Прованса, Арт Деко и Нуво периодот…клучот е во постигнување на прав баланс помеѓу новото и старото.

Mešajte stilove

Се е во деталите… Одлучете се за природно стакло во комбинација со ковано железо или детали од месинг и розе злато.

Sve je u detaljima

Додадете големи перници како и удобни фотељи….секој да се чувствува добредојден…

Допир од природа…Имајте на ум дека Hamptons стилот е асоцијација на море и океан, најдете начин како да ги инкорпорирате природните елементи како и оние кои асоцираат на плажа. Внимавајте на балансот.

Dodir prirode

Не претерувајте со мешањето на многу декоративни предмети заедно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОваа седмица во Јавна Соба
Следна објаваНеверојатен моден додаток кој ја мери вашата активност!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР